/ Прочитано:

1.176

Потврдено решението за одземање на пасошот на Горан Грујевски

„По разгледување и ценење на жалбите советот донесе одлука со која двете жалби ги одби како неосновани и го потврди решението на судија на претходна постапка со кое на Г. Г. му се определува превентивна мерка - одземање на патна исправа“, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

Основен суд Скопје 1 Скопје

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по жалбите поднесени од Специјално јавно обвинителство и одбраната на Г. Г., осомничен во предметот на СЈО познат како „Тврдина“, против решението на судија на претходна постапка, по барање на странките, денеска одржал седница во присуство на обвинител од СЈО и одбраната на осомничениот на која ги образложиле аргументите во поднесените жалби и дадениот одговор на жалба од одбраната.

„По разгледување и ценење на жалбите Кривичниот совет донесе одлука со која двете жалби ги одби како неосновани и го потврди решението на судијата на претходна постапка со кое на Г. Г. му се определува превентивна мерка – одземање на патна исправа“, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

Началникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски е првоосомничен во предметот „Тврдина“ за уништувањето на опремата за прислушување. Покрај него, осомничена е и поранешната министерка Гордана Јанкулоска и уште три лица.