/Прочитано:

746

Пратениците добија етички кодекс

Денеска во рамките на 47. седница Собранието едногласно со „84“ гласа го изгласа  Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на РМ. 

Целта на овој кодекс е зачувување и афирмирање на достоинството и угледот на Собранието и пратениците. Овој кодекс, се вели понатаму во документот, има цел да ја зголеми довербата на граѓаните и јавноста во основните вредности и интегритетот на функцијата пратеник како индивидуа и на Собранието како претставнички орган на граѓаните на Република Македонија и носител на законодавната власт.

Пратеникот во вршењето на својата функција треба да се придржува кон основните етички начела, да ја извршува својата функција без дискриминација, да се води од јавниот интерес и да ја почитува личноста на секој поединец.

Финалното усогласување на Кодексот пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата го постигана на првата средба во рамките на процесот „Жан Моне“, во Охрид, во мај годинава.

М.В