/ Прочитано:

1.822

Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции

Денеска во Владата беше потпишан Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

„Потписот е нашата согласност дека ги прифаќаме сите највисоки етички принципи за заштитата на човековите слободи и права, при вршење на нашите функции и должности во рамките на Уставот, законите и меѓународните договори, ратификувани согласно Уставот на Република Северна Македонија“, истакна премиерот Заев на денешното потпишување на Кодексот.

„Основната намена на Кодексот е обезбедување на отчетно и транспарентно работење на функционерите на извршната власт, односно градење на систем на интегритет и добро владеење“, истакна Љупчо Николовски, заменик на претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот.

Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата на македонски јазик

Со Кодексот се уредува начинот на однесување и работење на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, министрите, замениците на министрите и другите носители на извршни функции именувани од Владата на Република Северна Македонија, заради обезбедување на почитување на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, ефикасноста, лојалноста, одговорноста, транспарентноста и заштитата на човековите слободи и права, при вршење на нивните функции, односно должности во рамките на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот на Република Северна Македонија.

Цел на кодексот е обезбедување јакнење на интегритетот на Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа, како и на правните лица основани од Владата  и јакнење на довербата на граѓаните во нивната работа.

Носителите на извршни функции во вршењето на својата функција се придружуваат на основните принципи на овој кодекс и стандардите на однесување, како што се:

– владеењето на правото,

– остварувањето на јавниот интерес,

– заемното почитување и заштитата на угледот на Владата и институциите,

– соработката, ефикасноста и економичноста,

– отчетноста, транспарентноста и респонзивноста,

– вклученоста, ориентираноста кон консензуалност и

– одговорност.

Носителите на извршни функции ги вршат своите јавни овластувања и должности во согласност со Уставот, законите, другите прописи донесени врз основа на закон и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот на Република Северна Македонија. Носителите на извршните функции осигуруваат дека сите кои работат под нивна надлежност се еднакво одговорни пред Уставот и законот, а Уставот и законите се спроведуваат еднакво за сите.

Етички кодекс за членовите на Владата

Советник за интегритет ќе ги советува членовите на Владата за препораките од Извештајот на ГРЕКО

КОРУПЦИЈАТА СЕ СМЕТА ЗА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Извештај и препораки на ГРЕКО

Со меѓународна соработка до ефикасна борба против корупцијата

Министерството за правда да го информира ГРЕКО за превенцијата на корупцијата на пратениците, судиите и обвинителите

Проф. д-р Ана Павловска-Данева именувана за член на ГРЕКО

„Не се постапува по забелешките на ГРЕКО за пратениците, судиите и обвинителите“, предупредуваат од Транспаренси интернешнл

Исполнувањето на препораките на ГРЕКО значи подобар систем, но и подобар живот, вели претседателот на ГРЕКО

Д-р Марин Мрчела, претседателот на ГРЕКО: Може да се има доверба само во судија кој со своето однесување покажува најголеми морални доблести

Етичкиот кодекс значи одговорност за пратениците во и надвор од Собранието

Пратениците добија етички кодекс

Предложен кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието на РМ

Собранието да донесе измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратениците

Етички кодекс за пратениците, спречување судир на интереси и примање подароци – препорачува ГРЕКО за членовите на Собранието

М.В