/ Прочитано:

1.792

Пратениците не го поддржаа предлогот за импичмент на претседателот Иванов

За време на расправата, пратениците од СДСМ и ДУИ сметаа дека претседателот мора да сноси одговорност за помилувањето и треба да биде отповикан, додека, пак, пратениците од ВМРО­-ДПМНЕ оценија дека иницијативата на опозицијата е неоснована.

Собрание внатре

По една недела собраниска расправа, пратениците не го прифатија предлогот за импичмент на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Предлогот не го поддржаа 47 пратеници, кои гласаа против, додека 35 пратеници гласаа за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија.

За време на расправата, пратениците од СДСМ и ДУИ сметаа дека претседателот мора да сноси одговорност за помилувањето и треба да биде отповикан, додека, пак, пратениците од ВМРО­-ДПМНЕ оценија дека иницијативата на опозицијата е неоснована.

Претходно, собраниската Комисија за оценување на оправданоста за покренување одговорност на претседателот го оцени Предлогот како неоснован. Доколку Собранието го поддржеше Предлогот за импичмент на претседателот Иванов, за што беше потребно двотретинско мнозинство, за него ќе требаше да се произнесе и Уставниот суд на РМ.