/ Прочитано:

1.458

Пред Комисијата за буџет продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет продолжува расправата за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година. Предлогот за изменување на Буџетот, односно ребалансот на Буџетот е во фаза на второ читање.

Според Предлогот, вкупните приходи со ребалансот на Буџетот се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 228,3 милијарди денари. Во овие рамки на планирање расходи и приходи, дефицитот останува непроменет во однос на планираниот со основниот Буџет, односно е со позициониран износ од 17,7 милијарди денари или 2,5 проценти од БДП.

За власта ребалансот на Буџетот е во интерес на граѓаните, додека пак за опозицијата ребалансот говори за  неефикасноста на Владата.

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Ребалансот на Буџетот на дневен ред на собраниските комисии

Ребалансот на Буџетот пред пратениците

М.В