/ Прочитано:

647

Работилница на ОБСЕ како поддршка на Стратешкиот план на Собранието

Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше дводневна работилница за  вработени во Секторот за работни тела, како  поддршка на Стратешкиот план на Собранието на Република Северна Македонија. Потребата за оваа обука произлезе од наодите и препораките на функционалната анализа на службата на Собранието реализирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондацијата за демократија Вестминстер и консултациите со Секторот за работни тела.

Во текот на дводневната работа, учесниците меѓусебно активно дискутираа за прашањата поврзани со формирањето и развивањето ефективни тимови. Земајќи ги предвид тековните и претстојните реформи како дел од процесот за пристапување кон ЕУ, улогата на собраниската служба и нејзините сектори ќе бидат од уште поголема важност. Затоа, воспоставувањето и одржувањето ефективни тимови кои можат да им дадат поддршка на пратениците во нивната секојдневна работа е предуслов за понатамошните реформи чија цел е независна, професионална и ефикасна служба.

М.В