/Прочитано:

2.745

Сашо Тасевски ќе раководи со Бирото за јавна безбедност

Владата на РМ на својата денешна 84. редовна седница донесе одлука Сашо Тасевски  да биде назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност.

Сашо Тасевски e магистер по безбедност и докторанд на Факултетот за безбедност. Во МВР работи од 2001 година. Тасевски на местото директор на Бирото за јавна безбедност доаѓа од  Управата за обезбедување личности и објекти на МВР, со која раководеше.

Тасевски во својата досегашна кариера работел како обезбедување кај поранешниот претседател Бранко Црвенковски, како и кај техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. На почетокот на кариерата Сашо Тасевски бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Новиот директор на Бирото за јавна безбедност ѝ стана познат на македонската јавност за време на ланските насилства во Собранието кога ги заштитуваше пратениците.

Бирото за јавна безбедност е орган во состав на Министерството за внатрешни работи, кој ги врши полициските работи во Министерството и чија организација и надлежност е уредена со Законот за полиција.  Со работата на Бирото раководи директор кој на предлог на министерот го именува и го разрешува Владата на Република Македонија за време од четири години.