/ Прочитано:

1.467

Се подготвува новиот Закон за меѓународна правна помош во кривичната материја

Министерството за правда подготвува нов Закон за меѓународна правна помош во кривичната материја. Новиот закон, велат од Министерството, се донесува со цел усогласување на нашето законодавство со новите регулативи на ЕУ, како и за зголемување на ефикасноста на меѓународната правна помош во кривичната материја.

„Законот за меѓународна правна помош во кривичната материја за прв пат е донесен во 2010 година, а почна да се применува од 1.1.2013 година. Оттогаш во согласност со истиот закон е уредена меѓународната правна помош во кривичната материја. Имајќи го предвид фактот дека со текот на времето се појавени нови ситуации и моменти кои побараа да се интервенира во истиот закон, се пристапи кон негова измена“, велат од Министерството за правда.

Со новиот Закон за меѓународна соработка во кривичната материја, ќе се отстранат недостатоците кои беа согледани од страна на практичарите во примената на досегашниот Закон за меѓународна соработка во кривичната материја, вели министерката за правда, Рената Дескоска.

„Она што е значајно е дека со новиот закон за првпат законски се регулираат институционалните облици на меѓународна соработка, односно соработката со ЕВРОПРАВДА (EUROJUST), Европската правосудна мрежа во кривичната материја (European Judicial Network in Criminal Matters – EJN), како и соработката со органите за финансиски истраги и конфискација на Европската Унија.  Со тоа Република Северна Македонија продолжува со усогласување на домашното законодавство со европското во сферата на меѓународната соработка во кривичната материја“, вели Дескоска.

Со Законот за меѓународна соработка во кривичната материја се уредуваат условите и постапката за меѓународна соработка во кривичната материја.

Меѓународната соработка се врши согласно со одредбите од овој закон, освен ако со меѓународен договор ратификуван во согласност со Уставот на Република Македонија или со правен акт кој ги регулира кривичните постапки на меѓународен суд чија надлежност ја признава Република Македонија не е поинаку уредено.

Со новиот Закон за меѓународна соработка во кривичната материја ќе се регулираат институционалните облици на соработка

М.В