/ Прочитано:

1.471

ШТРАЈК НА СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Преговори со надлежните институции закажани за идната недела

Министерството и Судскиот совет го поддржале барањето на УПОЗ и била побарана итна средба најдоцна до понеделник 23.5.2016 година, на која покрај министерот за правда ќе учествуваат и претседателот на Судскиот совет, претседателката на Врховниот суд, претставници на Синдикатот на УПОЗ и претставници на Здружението на судска администрација, по што ќе бидат определени следните чекори за дејствување.

Штрајк на судска администрација од 03 декември 2015 година

Судската администрација денес го започна својот штрајк и излезе пред судските згради на повеќе судови во Македонија за да го искаже своето незадоволство од нерешавање на нејзините барања. Според Синдикатот на УПОЗ и информациите што ги добиле од претседателите на синдикалните организации, штрајкот во сите судови се одвива без посебни проблеми и според упатството за начинот на штрајкување.

„Единствено проблем има во Основниот суд Скопје 1 каде што има одредени влијанија врз вработените од раководните структури, кои се вршат преку претседателот на синдикална организација членка на друг Синдикат, кој им се заканува на вработените со кривични пријави доколку штрајкуваат“, се наведува во соопштението на УПОЗ.

Од УПОЗ наведуваат дека денеска претседателот и генералниот секретар на Синдикатот оствариле средби со министерот за правда, Валдет Џафери и со заменик-претседателот на Судскиот совет на Македонија, Шемседин Јусуфи.

„На овие средби се разговараше за начините на реализација на барањето на Синдикатот и препораката на Владата на Р Македонија од седницата одржана на 26.4.2016 година, со која го задолжи Судскиот буџетски совет преку Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства за зголемување на додатоците на вработените“, велат од УПОЗ.

Министерството и Судскиот совет го поддржале барањето на УПОЗ и била побарана итна средба најдоцна до понеделник 23.5.2016 година, на која покрај министерот за правда ќе учествуваат и претседателот на Судскиот совет, претседателката на Врховниот суд, претставници на Синдикатот на УПОЗ и претставници на Здружението на судска администрација, по што ќе бидат определени следните чекори за дејствување.

Во меѓувреме, Судскиот буџетски совет, како што бевме информирани, работи на подготовка на анализа врз основа на која ќе се утврди правната основа и реализацијата на барањето, велат од УПОЗ.

И покрај договорената средба за решавање на барањето на УПОЗ за зголемување на додатоците за плата, штрајкот ќе продолжи и наредните денови.