/ Прочитано:

1.544

Средба на претседателот на Нотарската комора и францускиот амбасадор

Денеска во Француската амбасада во Скопје, претседателот на Нотарската комора, Васил Кузманоски, и Сашо Ѓурчиноски, член на Управниот одбор на Комората,  остварија средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Тие го информираа францускиот амбасадор за одржувањето на 115. Конгрес на нотарите во Франција, кој се одржа во Брисел, Белгија, во периодот од 2 до 5 јуни 2019 година, на кој на покана на претседателот на Нотарската комора на Франција, Марк Кањар, присуствуваше делегација на Нотарската комора на Република Северна Македонија, составена од претседателот  Васил Кузманоски и Анита Адамческа член на Управниот одбор на Комората.

Исто така, претседателот на Нотарската комора, Васил Кузманоски, информираше и дека во периодот од 20 до 21 јуни 2019 година во Св. Мало, Франција ќе присуствува на Генералното собрание на Советот на нотаријати во Европска Унија (CNUE), каде што Нотарската комора на Република Македонија е официјално членка набљудувач. Советот на нотаријати во Европска Унија (CNUE) е официјално тело што ја претставува нотарската професија во односите со европските институции и ги изразува заедничките одлуки на своите членови во институциите на Европската Унија.

На крајот од средбата беше разговарано за придонесот на нотаријатот во зајакнување на правната сигурност и вкупниот општествен и економски развој на државата и македонското законодавство, како и за огромниот придонес за подобрување на билатералните односи со нотаријатите на земјите членки на Европската Унија за доближување и прилагодување кон европските правила и прописи и давање иницијативи за подобрување и моделирање на областите на правдата, слободата и безбедноста на граѓаните и правото на Европската Унија.

М.В