/Прочитано:

2.097

Пресуда на Кривичниот суд: 12 години казна затвор за Мијалков, 4 години за Јанкулоска, 15 години за Грујевски и Бошковски

Кривичниот суд денеска ја изрече пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува на незаконското масовно прислушување во Македонија, кое се вршело од 2008 до 2015 година. Пред изрекувањето на пресудата судиите истакнаа дека пресудата била донесена пред два дена, на 24 февруари, и тоа, како што појасни судијата Владимир Туфегџиќ, едногласно.

Според судот, со масовното прислушување се извршила повреда на човековите права и правото на приватност од досега невидени размери, со што се направила голема штета, како на прислушуваните граѓани така и на државата.

Кривичниот суд, претходно образложувајќи ги отежнувачките и олеснителните околности при донесувањето на пресудите, ги осуди Сашо Мијалков на 12 години затвор, Гордана Јанкулоска на 4 години затвор, Горан Грујевски на 15 години затвор, Никола Бошковски на 15 години затвор, Надица Николиќ на 3 години затвор, Тони Јакимовски на 6 години затвор, Владимир Варелов со условна осуда од 2 години, Маријан Шумуликоски со условна осуда од 2 години, Силвана Златова со условна осуда од 2 години, Васко Исакоски со условна осуда од 2 години и Валентина Симоноски со условна осуда од 2 години.

По изрекувањето на пресудата, судиите нагласија дека пресудата испраќа и порака дека нема недопирливи, дека секој ќе одговара доколку ги прекршил законите и ги нарушил човековите права,  дека нема селективна правда и дека човековите права мора да се почитуваат. Тие додадоа дека пресудата за „Таргет-Тврдина“ e првостепена, а странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд.

Денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“

Јавното обвинителство: Сашо Мијалков во попладневните часови се јави во обвинителството

Обвинителството: Постојат основи на сомнение за помагање на бегството на Мијалков

МВР ја објави националната потерница за Сашо Мијалков

Кривичен суд: Обвинителството бараше притвор за Мијалков поради сомнение за бегство

МВР во потрага по Сашо Мијалков, кому му е определен куќен притвор

НОВА ИСТРАГА НА СЈО, СО ИМЕ „ТАРГЕТ“: Лица од УБК осомничени за незаконско прислушување на граѓаните

М.В