/ Прочитано:

1.119

Судскиот совет ги поддржува барањата на УПОЗ, но за нивно исполнување се надлежни извршната и законодавната власт

„На барање на претставниците на Синдикатот на УПОЗ и на ЗСА, по завршувањето на средбата, Судскиот буџетски совет одлучи платата на судските службеници за мај 2016 година да биде исплатена во целост, а задршката на плата во согласност со членот 77 од Законот за судска служба да биде реализирана со исплатата на плата за јуни 2016 година“, велат од Советот.

Штрајк на судска администрација од 03 декември 2015 година

Судската администрација и денеска во 11 часот ќе излезе на протестен штрајк пред Министеството за правда каде што повторно ќе побараат средба со министерот за правда, Валдет Џафери, за решавање на барањето на Синдикатот за зголемување на додатоците за плата.

Вчера, на состанок со советниците на министерот за правда Синдикатот на УПОЗ истакнал дека нема да отстапи од барањето за зголемување на додатоците за плата за 35 %.

Синдикалците им дадоа рок на властите до денес да се изјаснат дали ги прифаќаат нивните барања.

Вчера, претседателот Зоран Караџовски и членовите на Судскиот совет на Република Македонија, како претставници на судската власт, одржаа средба со претставници на Синдикатот на УПОЗ и на Здружението на судска администрација.

„Судскиот совет на Република Македонија се согласи дека правото на додатоци на плата по три различни основи, во кумулативен износ до 35 % од платата, како што е предвидено со соодветни закони за јавните обвинители, судиите и јавнообвинителските службеници, треба да го имаат и судските службеници. Констатирано е дека досега ова право не го имаат остварено судиите“, се наведува во соопштението на Судскиот совет.

Двете страни се согласиле дека донесувањето и изменувањето на законите, па и на Законот за судска служба е во надлежност на извршната и на законодавната власт.

„На барање на претставниците на Синдикатот на УПОЗ и на ЗСА, по завршувањето на средбата, Судскиот буџетски совет одлучи платата на судските службеници за мај 2016 година да биде исплатена во целост, а задршката на плата во согласност со членот 77 од Законот за судска служба да биде реализирана со исплатата на плата за јуни 2016 година“, велат од Советот.

Претставниците на судската власт, на средбата изнеле став дека сите инволвирани страни треба да ги почитуваат одредбите од Законот за судска служба, вклучувајќи ги и одредбите од членот 59 и од членот 77 од овој закон.

Покрај вчерашната, Судски совет на Република Македонија има остварено повеќе средби со претставници на Синдикатот на УПОЗ и на ЗСА и затоа сметаат дека натамошните средби без присуство на претставници од извршната власт би биле беспредметни.

Судската администрација најавува протести сѐ до конечно решавање на проблемот и постигнување на договор.