Судскиот совет го објави огласот за избор на судии во Врховниот суд и во основните судови во земјава
Судскиот совет распиша оглас за избор на шест судии од редот на Академијата за судии и јавни обвинители за основните судови во земјава. Преку огласот ќе се избираат по двајца судии за основните судови во Скопје, и по еден судија во Основниот суд Велес и за Основниот суд во Струмица
Судскиот совет објави оглас за избор на тројца судии од граѓанската област во Врховниот суд. Покрај тоа, Советот распиша оглас и за избор на еден судија кој ќе треба да го пополни испразнето место во Апелациониот суд во Штип и ќе работи во кривичната област.
Кандидатите за судии на Врховниот суд на РМ и на апелационен суд треба да ги исполнуваат условите предвидени во членот 45 од Законот за судовите („Сл. весник на РМ“ бр. 58/2006), в.в. со чл. 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите („Сл. весник на РМ“ бр.150/2010), како и посебниот услов од членот 17 став 1 алинеја 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите („Сл. весник на РМ“ бр.150/2010), се наведува во огласот на Судскиот совет.
Покрај тоа, Судскиот совет распиша и оглас за избор на шест судии од редот на Академијата за судии и јавни обвинители за основните судови во земјава. Преку огласот ќе се избираат по двајца судии за основните судови во Скопје, и по еден судија во Основниот суд Велес и за Основниот суд во Струмица.
Кандидатите за судии на основен суд треба да ги исполнуваат условите предвидени во членот 45 од Законот за судовите („Сл. весник на РМ“ бр.58/2006), в.в. со чл. 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите („Сл. весник на РМ“ бр.150/2010), како и посебниот услов од членот 17 став 1 алинеја 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите („Сл. весник на РМ“ бр.150/2010), да имаат завршено почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители.
Образецот за пријава може да се подигне во електронска форма на веб-страницата на Судскиот совет на Република Македонија на следната адреса: http://ssrm.mk/docs/formulari/prijava2015.doc.
Кандидатите што ги исполнуваат условите полагаат психолошки тест и тест за интегритет, во согласност со членот 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите („Сл. весник на РМ“ бр.150/2010). По однос на термините за полагање на тестовите, кандидатите ќе бидат дополнително известени од страна на Судскиот совет на РМ. Трошоците за полагање на психолошкиот тест и тестот за интегритет паѓаат на товар на кандидатите.