/ Прочитано:

1.212

Уважено барањето на Јанкулоска за одлагање на извршувањето на казната

„Ја информираме јавноста дека Врховниот суд на РСМ до Основниот кривичен суд – Скопје достави решение со кое барањето на Г.Ј. осудена со пресуда на Основниот кривичен суд – Скопје со КОК бр. 21/18 и пресуда на Апелациониот суд – Скопје со КОКЖ бр. 46/18, од обвинителството означена како „Тенк“, за одлагање на извршувањето на казната – се уважува.

Во решението е наведено дека,  извршувањето на казната изречена со пресудата на Основниот  кривичен суд – Скопје од 08.10.2018 година, а потврдена и преиначена во делот на казната со пресуда на Апелациониот суд –Скопје од 25.03.2019 година со која Г.Ј. е огласена за виновна за кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 ст.5 в.в со став 1 в.в со член 23 од КЗ  и осудена на казна затвор во траење од 4 години се одлага се до одлучување по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд на РСМ“, стои во соопштението на Кривичниот суд.

Кривичниот суд во врска со одложеното извршување на санкцијата за Јанкулоска

Апелациониот суд ја преиначи првостепената пресуда за Јанкулоска и ја осуди на помала казна

Пресуда за Гордана Јанкулоска во предметот „Тенк“

М.В