/ Прочитано:

2.210

Во подготовка нов Закон за административни службеници и нов Закон за вработените во јавниот сектор

Министерството за информатичко општество и администрација подготвува нови закони за административните службеници и за вработените во јавниот сектор.

„Постојниот Закон за административни службеници воведе доста новини во однос на регулирањето на статусот и постапката за вработување на административните службеници. Законот воспостави нови стандарди во однос на управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор. Но по 5-годишна примена на законот на површина излегоа голем број на практични проблеми во имплементацијата, чие надминување е неопходно за доследно да се примени законот и да се постигне целта поради која е донесен. Министерството за информатичко општество и администрација имаше интенција да подготви измени и дополнувања на законот врз основа на практични забелешки од оние кои го применуваат законот, но со оглед на фактот дека од анализите и добиените забелешки произлезе дека треба да се менуваат повеќе од 1/3 од постојните членови, се пристапи кон подготовка на целосно нов закон, во кој основата е веќе постојниот Закон за административни службеници“, посочуваат од МИОА.

„Постојниот Закон за вработените во јавниот сектор како прв закон со ваков опфат, со кој се регулираа прашања од областа на работните односи во сите институции на јавниот сектор беше новина во правниот систем, а при неговото подготвување отсуствуваше практичното искуство во областите кои се предмет на регулирање. Законот воспостави нови стандарди во однос на управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор. Но по 5-годишна примена на законот на површина излегоа голем број на практични проблеми во имплементацијата, чие надминување е неопходно за доследна примена на законот и постигнување на целта поради која е донесен. Министерството за информатичко општество и администрација имаше интенција да подготви измени и дополнувања на законот врз основа на практични забелешки од оние кои го применуваат законот, но со оглед на фактот дека произлезе дека треба да се менуваат повеќе од 1/3 од постојните членови се пристапи кон подготовка на целосно нов закон, кој во основа е постоечкиот закон“, образложуваат од МИОА.

Прекин на договорот за вработување кога работникот ќе наполни 64 години возраст, предлагаат група пратеници

Предложени измени на Законот за административни службеници во врска со престанокот на работниот однос

М.В