/ Прочитано:

919

Во собраниска процедура законските измени за платите на вработените во јавниот сектор

Владата ги поднесе во Собранието најавените измени на Законот за исплата на платите во Република  Македонија. Со донесувањето на измените, се вели во законското образложение, ќе се обезбеди исплата на платите за вработените во јавниот сектор во рамките на планираните буџетски средства, како и усогласување со Законот за прекршоците.

„Платите во Република Северна Македонија се исплатуваат согласно со закон и колективен договор. Во функција на обезбедување на контрола во исплатата, со  Законот за исплата на платите во Република Македонија се врши ограничување во исплатата на платите. Имено, ограничувањето се однесува на   работодавачите со  степен на приватизација  под 51% .

Со Законот ограничен е порастот на платите за вработените во јавниот сектор (буџетските корисници, јавни установи, локалната самоуправа, социјалните фондови, агенциите), со исклучок на корекции кои се направени со измени на Законот во 2007 година согласно кои измени се коригираа платите за по 10% од октомври 2007 и за октомври 2008 година, а планираната корекција за октомври 2009 година беше одлагана неколку пати. Со измени на Законот во 2014 година, се изврши корекција на платите за октомври за 4%.

Со цел да се обезбеди покачување на платите во рамките на обезбедените буџетски средства, кое ќе влијае на поголема мотивираност на вработените во јавниот сектор, се наметна потребата од дополнување на Законот. Покрај тоа поради донесување на нов Закон за прекршоците се наметна потребата за усогласување со истиот“, се посочува во образложението.

Објавен текстот на законските измени за покачување на платите на вработените во јавниот сектор

Законски измени за покачување на платите на вработените во јавниот сектор

М.В