/ Прочитано:

2.736

Водич за студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ објави Водич за студенти – права и обврски на студентите, услови, критериуми, правила и постапка за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии).

„Статусот на студент, а со тоа и член на академската заедница, се стекнува со запишување на прв, втор и трет циклус студии на Универзитетот. Статусот на студент се докажува со индекс или со студентска легитимација. Студентите, по правило, се запишуваат со статус на редовен студент. Согласно со студиската програма, доколку е предвидено, студентот има право да се запише како вонреден студент“, се наведува во Водичот, кој во целост може да се преземе на следниот линк.

М.В