/ Прочитано:

1.187

ВРХОВЕН СУД: Организирањето на судењето за „Дива Населба“ не е во наша надлежност

„Врховниот суд на Република Македонија и судската полиција на Врховниот суд на Република Македонија немаат никаква надлежност во однос на организацијата на ова судење кое се одржува во Свечената сала на Врховниот суд на Република Македонија, дадена на привремено користење на Основниот суд Скопје 1 Скопје за период од 6 месеци, со одлука на Владата на Република Македонија.“

Дива населба, прво рочиште

Врховниот суд преку соопштение информираше зошто било одложено судењето за предметот „Дива Населба“ и зошто не биле пуштени во зградата на Врховниот суд адвокатите, новинарите и претставниците на невладините организации што го следат судењето.

Во соопштението се наведува:

„Врховниот суд на Република Македонија и судската полиција на Врховниот суд на Република Македонија немаат никаква надлежност во однос на организацијата на ова судење кое се одржува во Свечената сала на Врховниот суд на Република Македонија, дадена на привремено користење на Основниот суд Скопје 1 Скопје за период од 6 месеци, со одлука на Владата на Република Македонија.“

Од Врховниот суд велат дека Основниот суд Скопје 1, во чија надлежност е предметот, треба да одговори зошто на судењето не влегле бранителите и јавноста.  Понатаму, додаваат дека одобренијата за следење и снимање од страна на медиумите, кои ги дава овој суд, ќе важат и за идната главна расправа.

Од Кривичниот суд, пак, преку соопштение истакнаа дека  по добивањето на одлуката на Владата на РМ, Основниот суд Скопје 1 – Скопје веднаш ги побарал клучевите од судската сала од претседателот на Врховниот суд на РМ, така што на ден 27.5.2016 година, во присуство на Комисија од Кривичниот суд, записнички било извршено примопредавање на судската сала. Салата била целосно подготвена, и од технички и од безбедносен аспект, но нејасно било зошто Врховниот суд не го испочитувал договореното.

Во салата денеска влегоа обвинителите во процесот и обвинетите. Адвокатите и јавноста останаа пред вратите на Врховниот суд.

КРИВИЧЕН СУД: Врховниот суд не ја испочитува одлуката за отстапување на големата сала за судењето „Дива Населба“

СЛУЧАЈ „ДИВА НАСЕЛБА“: Забранет влез во Врховниот суд за адвокатите и за новинарите. Судењето одложено