/ Прочитано:

1.696

Законот за спречување и заштита од дискриминација пред пратениците

Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација е во собраниска процедура. Предлог-законот е поднесен во собраниска процедура со европско знаменце.

Во законското образложение се истакнува дека целта на овој закон е обезбeдување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од  дискриминација во остварување на човековите права и слободи. Со овој закон се уредуваат превенцијата и  забраната од дискриминација, облиците и видовите на дискриминација, постапките за заштита од дискриминација, како и составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Во таа насока, со законот се уредуваат превенцијата и забраната од дискриминација, облиците и видовите на дискриминација, постапките за заштита од дискриминација, како и составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

„Се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа.

Дискриминација е секое разликување, исклучување, ограничување или давање првенство што се заснова на дискриминаторска основа, со сторување или несторување, што имаат за цел или резултат спречување, ограничување, признавање, уживање или остварување на правата и слободите на одредено лице или група на еднаква основа со други. Ова ги опфаќа сите форми на дискриминација вклучително и оневозможување на соодветно приспособување и оневозможување на пристапност и достапност на инфраструктурата, добрата и услугите“, се пропишува во законското решение.

Нов Предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација

Став и анализа на Блупринт за укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација

За укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација

Уставниот суд го укина Законот за спречување и заштита од дискриминација

М.В