/ Прочитано:

1.545

Запрена постапката за Правилата за снабдување со топлинска енергија поради измени и дополнување

„Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, со свој акт бр. 09-16/1 од 03.01.2020 година, го извести Уставниот суд дека има донесено Правила за изменување и дополнување на Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 162/2019 од 6 август 2019 година), со кои го има изменето членот 54 од Правилата за снабдување со топлинска енергија.

Изменетиот член 54 од Правилата има осум става и нова содржина, за разлика од претходно важечкиот, кој имаше три става и друга содржина.

Ставот 1 од новиот член, ја има задржано претходната содржина, со минимални допрецизирања на постапката во точките 4) и 8) и со додавање на нова точка 10), со која се пропишува дека по прифаќање на барањето на сопственикот и подмирување на сите доспеани обврски спрема снабдувачот по основ на испорачана топлинска енергија, договорот за снабдување со топлинска енергија се смета за раскинат.

Ставовите 2 и 3 се заменети со нови ставови 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8, со кои суштински се менува содржината и на нов, различен начин се пропишува обврска за плаќање на надоместокот за ангажирана топлинска моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, односно се пропишуваат услови за ослободување од плаќање на таквата обврска.

Согласно член 47 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Уставниот суд ќе ја запре постапката ако се утврди дека поведувањето на постапката било засновано врз погрешна фактичка состојба.

Имајќи го предвид наведеното, произлегува дека Уставниот суд, при донесување на Решението У. бр. 76/2019, ја немал предвид наведената измена на Правилата, поради што поведувањето на постапката било засновано врз погрешна фактичка состојба.

Оценувањето на уставноста и законитоста на новиот член 54 од Правилата за топлинска енергија подразбира потреба од нова анализа на одредбата, за што нема услови во оваа фаза на постапката. Таквата анализа е можна доколку пред Уставниот суд биде оспорена уставноста и законитоста на новиот член 54 од Правилата.

Поради наведеното, Судот утврди дека се настапени условите од член 47 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, за запирање на постапката, поради што одлучи како во точката 1 на ова решение“, се посочува во решението на Уставниот суд.

Уставниот суд поведе постапка за одредби од Правилата за снабдување со топлинска енергија

Врховниот суд за прописите укинати од Уставниот суд: Судска одлука не може да се заснова на пропис кој не постои во правниот поредок

ВРХОВНИОТ СУД: Не треба да плаќаат надомест станарите кои никогаш не биле приклучени на систем на топлинска енергија, не склучиле договор и не поставиле инсталација

За граѓаните и станари неприклучени на парно греење правното мислење на Врховниот суд е голем аргумент

Предлог за решавање на проблемот на дел од обесправените сопственици на станови и деловни објекти кои никогаш не биле приклучени на централното градско греење

Предлози за надминување на пресметковната неусогласеност за бројот на корисници кои се или не се приклучени на централно градско греење

ПРЕСУДА НА УПРАВНИОТ СУД ВО КОРИСТ НА ГРАЃАНИН: БЕГ и Топлификација не смееле да ги прибираат неговите лични податоци

ПРЕСУДА ВО КОРИСТ НА ГРАЃАНИН КОЈ НЕ ПЛАЌАЛ СМЕТКИ ЗА ПАРНО ГРЕЕЊЕ: Нема правен основ за наплата на сметки за невклучено парно греење

М.В