/ Прочитано:

775

Заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено, полицискиот час да остане на сила

„Утрово на Комисијата за заразни болести донесена е одлука до Кризниот штаб да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки. Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи. Комисијата до кризниот штаб ќе ги предложи следните олабавувања:
  • Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.
  • Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.
  • Да се дозволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.
  • Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.
  • Да им се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.
  • Полицискиот час останува на сила.
Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.
Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени. Затоа апелирам до стопанските субјекти и граѓаните целосно да се придржуваат до препораките“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Мерките за ограничување на движењето ќе продолжат до 1 јуни

Комисијата за заразни болести предлага да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки

Соопштение за новите рестриктивни мерки

Полициски час од 24:00 часот, угостителските објекти да работат до 23:30 часот – Комисијата донесе повеќе олабавени мерки

Забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на МЗ за забраната за движење

Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април

Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за намалување на рестрикциите

Нови рестриктивни мерки

Рестораните и угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, со некои исклучоци

Детали за новите рестриктивни мерки во пресрет на празниците

Владата донесе одлука да продолжи актуелната забрана и посебен режим за движење до 6 април

Секој граѓанин којшто ќе се најде на граница за време на полициски час мора да биде пропуштен за да стигне во својот дом

МИОА објави детали во кои случаи е дозволено движење за време на забраната

Донесена одлуката за забрана за движење од 22:00 до 5:00 часот

М.В