/ Прочитано:

5.056

Законoт за заштита на личните податоци започнува целосно да се применува

Од денеска Законoт за заштита на личните податоци започнува целосно да применува.

Со Законот за заштита на личните податоци се уредуваат заштитата на личните податоци и правото на приватност во врска со обработката на личните податоци, а особено начелата поврзани со обработката на личните податоци, правата на субјектот на личните податоци, положбата на контролорот и обработувачот, преносот на личните податоци во други држави, основањето, статусот и надлежностите на Агенцијата за заштита на личните податоци, посебните операции на обработка на личните податоци, правните средства и одговорноста при обработката на личните податоците, супервизијата над заштитата на личните податоци, како и прекршоците и прекршочната постапка во оваа област.

Овој закон се применува на целосно или делумно автоматизирана обработка на личните податоци и на друга обработка на личните податоци коишто се дел од постојна збирка на лични податоци или се наменети да бидат дел од збирка на лични податоци.

Одредбите од овој закон нема да се применуваат врз обработката на личните податоци што се врши од страна на физички лица, исклучиво заради лични активности или активности во домот.

Со примената на овој закон се изврши усогласување со Општата регулатива за заштита на личните податоци 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци.

Од Агенцијата за заштита на личните податоци истакнуваат дека, имајќи ги предвид новите предизвици во однос на основните човекови права и слободи кои се појавуваат секојдневно, конкретно на правото на приватност и заштитата на личните податоци, а со цел што подобро да се адресираат предизвиците во областа на приватноста кои произлегуваат од зголемената употреба на новите информациско/информатички технологии и глобализацијата во однос на обработката на личните податоци, во Република Македонија почнувајќи од 24 август 2021 година започнува целосната примена на новиот Закон за заштита на личните податоци.

„Тоа, од една страна, овозможува нормативно, а со започнувањето со примена, и практично усогласување на македонското законодавство во областа на заштитата на човековите права со правото на Европската Унија во оваа област“, додаваат од Агенцијата за заштита на лични податоци.

Законот за заштита на личните податоци беше донесен и стапи во сила во месец февруари минатата година, меѓутоа во него се предвидува одредба според која контролорите и обработувачите се должни да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон во рок од 18 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и дека законите и другите прописи со кои се уредува собирањето, обработката, чувањето, користењето и доставувањето на лични податоци ќе се усогласат со одредбите од овој закон во рок од 18 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Известување на Адвокатската комора во врска со примената на новиот Закон за заштита на личните податоци

Измените на Законот за заштита на личните податоци на собраниска седница

Ратификација на Протоколот за измена на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци

Измени на Законот за заштита на личните податоци по скратена постапка

Министерството за правда подготвува измени на Законот за заштита на личните податоци

М.В