/ Прочитано:

2.346

Анализа на ЦПИА за отвореноста на судството

Анализата „Отвореност на судството во Република Северна Македонија“ е изготвена во рамките на проектот „Зголемување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста во Северна Македонија“, финансиран од Британската амбасада Скопје.

Функционирањето на правосудниот сектор е значајно за секоја држава, односно за секој граѓанин поединечно. Оваа анализа се темели на претпоставката дека отвореноста и транспарентноста придонесуваат за сузбивање на корупцијата во судството и државата, за подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, и за зголемување на довербата во институциите, односно во правосудството. Прашањето што се јавува во оваа прилика е како да се подобрат перформансите и целокупниот начин на работа на правосудниот систем? Документот дава преглед на два меѓусебно поврзани концепти: отвореноста и транспарентноста. Центарот за правни истражувања и анализи ја презентираше анализата за отвореноста на судството.

Анализата е достапна на следниот линк: ОТВОРЕНОСТ НА СУДСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА