/ Прочитано:

1.140

Измените на Законот за данок на добивка пред Комисијата за финансирање и буџет

 Измените на Законот за данок на добивка, поднесени од група пратеници по скратена постапка, се на второ читање пред собраниската Комисија за финансирање и буџет.

„Предлогот на законот за изменување на Законот за данокот на добивка има за цел да излезе во пресрет на спортските субјекти да добијат повеќе финансиски средства од страна на даночните обврзници а даночните обврзници да бидат мотивирани за донирање во спортот преку дополнителен износ на даночни ослободувања сè со цел поголеми донации во спортот.

Од претходно споменатите причини со измените на Законот за данокот на добивка се предлага да се изврши зголемување на износот на вредноста на ваучерите кои се доделуваат на спортските субјекти од страна на Агенцијата за млади и спорт, од моментални 6 милиони евра на 10 милиони евра, а преку кои се врши донирање на финансиски средства од страна на правните лица во спортските субјекти и за кои се користи даночното ослободување“, се образложува во законските измени.

Пратеници предлагаат измени на Законот за спортот и на Законот за добивка

Законски измени за даночно ослободување на субјекти од областа на спортот

Ќе се менува Законот за спортот во врска со предложениот Закон за данокот на добивка

Измените на Законот за данокот на добивка по скратена постапка во собраниска процедура

Ќе се менува Законот за спортот во врска со предложениот Закон за данокот на добивка

Што се предвидува во предложените измени на Законот за данокот за добивка

Се подготвуваат измени на Законот за данокот на добивка

М.В