/ Прочитано:

867

Левица го оспори Законот за попис пред Уставниот суд

Политичката партија Левица до Уставниот суд на Република Македонија поднесе иницијатива – претставка за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за попис.

По тој повод, претседателот на партијата, Димитар Апасиев, одржа прес-конференција, на која ги презентираше четирите основи по кои Левица го спори овој закон.

„Прво, сметаме дека спроведување на попис во време на пандемија е спротивно на позитивното кривично право кое предвидува кривично дело ‘непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’, како и членот 39 од Уставот кој вели дека должност на секој граѓанин е да го чува и унапредува како сопственото, така и здравјето на другите.

Вториот основ по којшто го спориме овој закон е тоа што тој е спротивен на задолжителните норми на меѓународното право и на стандардите на Евростат. Имено, со цел да се шверцува во собраниска процедура му беше ставено европско знаменце, но сите пет ЕУ-регулативи кои се наведени, во суштина, се лажно фингирани. Нема законски дефиниции, нема утврдена методологија, нема образец на прашалник, нема резидентно население.

Трето, сметаме дека е спротивно на неповредливоста на домот и ја повредува приватноста гарантирана во Европската конвенција за човекови права, со тоа што дава можност да се даваат лични податоци кои се законски заштитени за отсутен член на домаќинството.

Четвртиот основ по којшто го спориме овој закон е владеењето на правото. Имено, Законот за попис е во директна колизија со дури три специјални закони кои се однесуваат на Системот на кризен менаџмент, кој е веќе покренат. Имено, до 30 јуни имаме прогласено кризна состојба и до овој датум не е возможно правно да се спроведе попис. Тие закони се: Законот за управување со кризи, Законот за заштита на населението од заразни болести и Законот за заштита и спасување.”

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис

Одредбите од Законот за попис за тоа кои лица ќе се опфатат со пописот

Законот за попис на собраниска седница

Предлог-законот за попис пред Законодавно-правната комисија

Глобите и кривичното дело во Предлог-законот за попис

Предлог-законот за попис со европско знаменце на собраниска седница

И Предлог-законот за попис на дневен ред на Комисијата за европски прашања

Откажана расправата за Предлог-законот за попис пред Комисијата за европски прашања

Презентирани новините во Законот за попис на населението

Утврден текстот на Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите

Објавен текстот на Предлог-законот за попис

Новиот Закон за попис се подготвува во Министерството за правда

М.В