/ Прочитано:

2.928

Глобите и кривичното дело во Предлог-законот за попис

Во Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, кој е во собраниска процедура, предвидени се и  казнени и прекршочни одредби.

Повреда на Пописот

Глоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице, ако како учесник во Пописот неовластено издаде податоци од Пописот на трето лице или ако во својство на државен инструктор, реонски инструктор и попишувач, односно член на Комисијата за пописен реон нема да постапи во согласност со упатствата и инструментите за спроведување на Пописот и овој закон.

Тој што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребливи внесените податоци на пописната апликација, ќе се казни со казна затвор од најмалку три години. Ако делото  го стори учесник во Пописот или друго службено лице при спроведувањето на Пописот, ќе се казни со казна затвор од најмалку пет години. За ова кривично дело постапката е итна.

Глоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице ако одбие да ги даде податоците што се бараат од него за Пописот или ако даде неточни податоци. Пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд се спроведува постапка за порамнување согласно Законот за прекршоците. За прекршоците утврдени со овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува надлежен суд.

 

 

 

Новиот Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година е во собраниска процедура со европско знаменце.

„Со овој закон се уредуваат содржината, подготовката, организацијата и спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, надлежните органи за спроведување на Пописот, правата и обврските на надлежните органи, стручните тела и другите учесници во спроведувањето на Пописот, правата и обврските на давателите на податоците во Пописот, единиците кои се опфаќаат со Пописот, пописните реони, употребата на јазиците во Пописот, начинот на спроведување на Пописот, користењето, чувањето и заштитата на податоците од Пописот, обработката и објавувањето на податоците од Пописот, информирањето на населението за целите и значењето на Пописот и неговото финансирање“, се пропишува во предлог-законот.

Предлог-законот за попис со европско знаменце на собраниска седница

И Предлог-законот за попис на дневен ред на Комисијата за европски прашања

Откажана расправата за Предлог-законот за попис пред Комисијата за европски прашања

Презентирани новините во Законот за попис на населението

Утврден текстот на Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите

Објавен текстот на Предлог-законот за попис

Новиот Закон за попис се подготвува во Министерството за правда

М.В