/ Прочитано:

1.303

Предлог-законот за попис со европско знаменце на собраниска седница

Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година е на дневен ред на денешната собраниска седница.

Последниот попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија беше спроведен во 2002 година врз основа на одредбите од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2001 година, кој беше донесен за реализација на оваа цел.

Во 2011 година, се посочува во законското образложение, беше започнато и спроведувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2011 година, но тој беше прекинат со одлука на Владата на Република Македонија.

Новиот Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година е во собраниска процедура со европско знаменце.

„Со овој закон се уредуваат содржината, подготовката, организацијата и спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, надлежните органи за спроведување на Пописот, правата и обврските на надлежните органи, стручните тела и другите учесници во спроведувањето на Пописот, правата и обврските на давателите на податоците во Пописот, единиците кои се опфаќаат со Пописот, пописните реони, употребата на јазиците во Пописот, начинот на спроведување на Пописот, користењето, чувањето и заштитата на податоците од Пописот, обработката и објавувањето на податоците од Пописот, информирањето на населението за целите и значењето на Пописот и неговото финансирање“, се пропишува во предлог-законот.

Решенијата кои се предлагаат во законот, се вели во законското образложение, произлегуваат од меѓународно прифатени стандарди кои  секоја држава треба да ги исполни заради единствена обработка на статистичките податоци. Поради ова се земени предвид Резолуцијата 2005/13 на Економскиот и социјален совет на ОН (ECOSOC) усвоена во јули 2005 година и Меѓународните препораки на ОН за пописите на населението околу 2020 година.

„Со донесување на предложениот закон Република Северна Македонија на меѓународен план ќе ги исполни обврските од меѓународните акти донесени од надлежни тела и органи, а истовремено податоците што ќе се добијат со Пописот ќе претставуваат солидна основа за потребите на општеството во целина“, се образложува во законот.

„Со Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2020 година треба да се обезбеди сеопфатност на пописните единици, истовременост на Пописот во точно дефиниран период, а добиените податоци да се однесуваат на ист дефиниран критичен момент. При ова се води сметка да се запази принципот на индивидуално попишување во пописните единици со единствена примена на единствени дефиниции и класификации на единиците и нивните обележја, како и на единствена обработка на податоците. Податоците што се прибираат со Пописот претставуваат доверливи податоци и се користат само за статистички цели“, се посочува во законското образложение.

И Предлог-законот за попис на дневен ред на Комисијата за европски прашања

Откажана расправата за Предлог-законот за попис пред Комисијата за европски прашања

Презентирани новините во Законот за попис на населението

Утврден текстот на Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите

Објавен текстот на Предлог-законот за попис

Новиот Закон за попис се подготвува во Министерството за правда

М.В