Народниот правобранител го презентираше извештајот за човековите права
Народниот правобранител, Насер Зибери, денеска го презентираше извештајот за заштитата на човековите права.
Што се однесува до состојбите со почитувањето на човековите права по области, посочува Зибери во извештајот, повторно најголемиот дел од претставките се однесуваат на правосудството, поточно на работата на извршителите, и тоа во сите сегменти – блокирање на сметките, одземање на средства кои се ограничени, односно изземени од извршување, редослед на наплата итн.
Во областа работни односи најмногу поплаки се поднесени во поглед на исплатата на плати и надоместоци, а беа забележани проблеми и кај потрошувачките права, во врска со испораката на електрична енергија/исклучување на домаќинствата од овој систем, што, пак, влијаеше врз остварувањето на наставата кај децата, кои поради пандемијата истата ја следеа онлајн.
„Во делот на судството, граѓаните кај Народниот правобранител најмногу се жалеле за одложувањето на рочиштата“
„Проблемите во областа детски права се провлекуваа и оваа извештајна година, конкретно непочитување на правото на личните контакти – видување со родител, старател или близок роднина, правото на издршка, состојба која преку законски измени мора да се реши, со оглед на фактот што оваа констатација со години наназад се повторува во годишните извештаи на Народниот правобранител. Воедно, низа слабости се констатирани и во овозможувањето на правото на детето на непречено образование во услови кога наставата се следеше од далечина“, истакнува народниот правобранител.
Поплаките поднесени за областа социјална заштита покажуваат дека граѓаните, во услови на пандемија со тешкотии ги остваруваа овие права, иако станува збор за таканаречена ранлива категорија, состојба недозволива особено во услови на пандемија.
Главен проблем тука беше неможноста за остварување на правото на гарантирана минимална помош врз основа на трајни промени во здравствената состојба, односно (не)способност за работа, пред сè, поради нефункционалноста на комисијата која ненавремено ги решаваше предметите на граѓаните.
Адвокат побарал помош од Народниот правобранител за исплата на надоместокот како бранител
Народниот правобранител во врска со предмети за адвокатите
М.В