/ Прочитано:

1.846

Нови измени на Законот за трговските друштва во собраниска процедура

Цел на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, чиј предлагач е Владата, е поттикнување поголема иновативност и развој на целокупниот стартап екосистем, преку развој на нов пристап за финансии за стартап компаниите.

„Воедно со предлог-законот се подобрува правото на информираност на малцинските акционери, во согласност со Препораката на Извештајот ‘Дуинг бизнис 2020’ на Светската банка, по индикаторот Заштита на правата на малцинските инвеститори.

Истовремено, со предлог-законот се допрецизира обврската за примена на кодексот за корпоративно управување на берзата на која котираат акциите на друштвото и кој се применува во согласност со правилата за котација на таа берза.  Предлог-измените се засновани на истите начела на кои е заснован Законот за трговските друштва“, се вели во законското образложение.

„Активностите на бизнис-ангелите се забележуваат во последните години во Република Северна Македонија. Покрај тоа што постојат на хартија (првата мрежа се појавила во 2011 год.), имаат и реализирани инвестиции во стартап компании во државата.

Мeѓутоа, бизнис-ангелите коишто сакаат да инвестираат во трговски друштва се соочуваат со определени пречки во Законот за трговските друштва, коишто можат да ги премислат во идејата да инвестираат.

Членот 29 од Законот за трговски друштва може да го блокира инвеститорот во основање на наредна компанија, доколку претходната во која инвестирал има блокада на жиро-сметка, т.е. е презадолжена. Оваа пречка не е логична бидејќи инвеститорите не се занимаваат со секојдневното работење на компанијата во која инвестирале.

Другиот проблем се јавува е во тоа што при секоја инвестиција бизнис-ангелите со самото инвестирање мораат да влезат во сопственичка структура со земање на удел.

Во раните фази на развојот на една стартап компанија многу е тешко да се определи нејзината вредност за да може да се определи и уделот којшто се зема. Исто така, и самата одлука дали инвеститорот сака да влезе во сопственичка структура посоодветно се прави во подоцнежните фази на развојот.

Конвертибилниот заем е алатка којашто се користи низ многу земји во светот, каде што инвеститорите одлучуваат својата инвестиција да ја дадат како заем, а подоцна да ја трансформираат во удел.

Со воведување конвертибилен заем ќе се создаде пат за развој на нов пристап до финансии за стартап компаниите, односно инвестиции од бизнис-ангели.

Потребни се многу мали интервенции во регулативата за да се коригираат овие решенија и да се постави патот кон градење на стимулативни мерки за инвестирање.

Истовремено, со предлог-законот се предлага измена во одредбите со кои се регулира содржината на годишниот извештај за работа на акционерското друштво, кој се разгледува и се усвојува од страна на годишното собрание на акционери, заедно со годишната сметка и финансиските извештаи. Станува збор за мала измена во однос на објавувањето на податоците за членовите на органот на управување во друштвото, за примања во други друштва, односно податоци за вработувања кај други работодавачи. Во согласност со постојниот закон, оваа обврска веќе постои, но се објавува под услов доколку член на органот на управување управува со друго друштво, односно е вработено кај друг работодавач. Со измената се прецизира дека обврската за објавување податоци за дополнителните примања на членови на органот на управување се применува безусловно.  На овој начин се постапува во согласност со Препораката на Извештајот ‘Дуинг бизнис 2020’ на Светската банка, по индикаторот Заштита на правата на малцинските инвеститори.

Воедно, Комисијата за хартии од вредност предлага соодветно допрецизирање на одредбите за задолжителна примена на кодексот за корпоративно управување од страна на акционерските друштва кои котираат на берза, во насока дека обврската за давање изјава за примена на кодексот за корпоративно управување се однесува на Кодексот кој се применува на Берзата и го обврзува друштвото, а не и на друг Кодекс за корпоративно управување кој друштвото на доброволна основа би го применувало“, се образложува во законските измени.

Усогласување на Законот за трговските друштва со ЕУ-директиви

Се укинува двојното санкционирање на трговските субјекти за недоставување годишна сметка

Членовите 552 а и б од ЗТД – „докрадување“ – проф. д-р. Димитар Гелев за бришењето на правни субјекти од Централниот регистар

Основање друштво со ограничена одговорност со основачки капитал од 1 евро

Граѓаните кои имаат бизнис-идеја ќе може да основаат друштво со ограничена одговорност со основачки капитал од 1 евро

Предложени измени на Законот за трговските друштва со кои се предвидуваат повеќе значајни новини

М.В