/ Прочитано:

1.145

Преку отчетни институции до ефикасна борба против корупцијата

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје одржа конференција за започнување на проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување корупција“, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

На конференцијата беше презентирана методологијата за набљудување на отчетноста на засегнати институции по одлуките на Државната комисија за спречување на корупцијата со цел да се истражи квалитетот на постапување по препораките на ДКСК, а со тоа да се подобри работата на индивидуалните институции.

Конференцијата ја отворија Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС, и Данче Даниловска-Бајдевска, постар програмски координатор во ФООМ.

Трошановски истакна дека целта на овој проект е да се постигне креирање на колективен имунитет на институциите во борбата против корупцијата, односно да се спречи феноменот, а не потоа да се превенира и да се лекува.

„Со правење на јавен притисок од нас, како граѓанско општество, врз институциите за коишто ДКСК дала препораки за постапување по наоди за корупција, се надеваме дека институциите конечно ќе почнат да ја вршат својата работа и дека тоа ќе стане нивна пракса. Ќе се насочиме и кон продолжување на комуникацијата помеѓу ДКСК и Платформата и кон Националната стратегија за борба против корупција, каде што Собранието треба да има голема улога, од аспект на надзор“, рече тој.

Даниловска-Бајдевска потенцираше дека е неопходно борбата против корупција да биде секојдневна заложба на сите надлежни државни институции и тела, кои ќе бидат следени будно од граѓанското општество.

„Оттука, за нас беше значајно да се поддржи проектот ‘Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување корупција’ за да се следи работата на Државната комисија, од една страна, но од друга, да следи дали другите надлежни институции за борба против корупцијата соодветно одговараат на барањата на новата реформирана ДКСК“, додаде таа.

Миша Поповиќ, постар истражувач во Институтот за демократија, кој ја презентираше методологијата за набљудување, смета дека покрај набљудување на Антикорупциската комисија, важно е да се набљудува и отчетноста на институциите кои се засегнати од одлуките што ги носи таа.

„Подготвувајќи ја нашата методологија за набљудување, определивме во кои области е најприоритетно да се интервенира во борбата против корупцијата. Критериумот не беше само колку често се случува корупцијата во некои области, туку какво влијание има врз големата слика. Илустративно, во некоја област можеби годишно има 1.000 подмитувања, но сите тие заедно можеби претставуваат помала штета за општеството од корумпирана измена на еден урбанистички план со кој се придонесува врз загадувањето. Токму ваков пристап потребно е да видиме од страна на ДКСК“, вели Поповиќ.

На првата панел-дискусија, претседателот на Центарот за граѓански комуникации, Герман Филков, членот на ДКСК Владимир Георгиев и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска зборуваа за  опфатот и за приоритетите на Националната стратегија за борба против корупцијата. Дискусијата ја модерираше Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси интернешанал“ – Македонија.

Финансирањето на политичките партии како ризик од корупција беше темата на втората панел-дискусија, која ја модерираше Александар Јованоски од Хелсиншкиот комитет. Свое видување дадоа Горан Лефков од СКУП Македонија, Катица Николовска, член на ДКСК, и Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка од СДСМ.

Конференција „Набљудување на успешноста на работата на ДКСК“

Антикорупциската комисија бара преиспитување на регулативата за привилегиите на поранешните претседатели

Антикорупциската комисија отвори нов предмет за договорот за детска кардиохирургија

Клиниката „Жан Митрев“ ја поздравува иницијативата на Антикорупциската комисија

Антикорупциската комисија отвори повеќе предмети и бара Обвинителството да отвори постапка за дивоградбите на Матка

Започна проектот за следење на работата на Антикорупциската комисија

КОРУПЦИЈАТА СЕ СМЕТА ЗА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Извештај и препораки на ГРЕКО

Антикорупциска: Кога премиерот би се избрал за министер за финансии, би настанала повреда на законските одредби

Антикорупциската комисија ќе ја усвојува Стратегијата за заштита на укажувачи

Меѓуинституционална соработка за борбата против корупцијата и перењето пари

Антикорупциската комисија ќе има пристап до податоците кои се банкарска тајна

Меморандум за соработка меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Државната комисија за спречување на корупцијата

Средба на Антикорупциската комисија и граѓанските организации

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги утврди членовите и претседателот на Антикорупциската комисија

Собраниска постапка за утврдување предлог-листа за именување на претседател и членови на Антикорупциската комисија

Собранието ја објави ранг-листата на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Република Македонија на Индексот за перцепција на корупцијата се наоѓа на многу ниско место

Оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Секој има право да пријави сомневање за корупција, се пропишува во новиот Закон за спречување на корупцијата

Законите за спречување на корупцијата и за слободен пристап до информации во собраниска процедура

Предлог-законот за спречување на корупцијата ќе добие европско знаменце за да се забрза неговото донесување

Објавен текстот на новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Се подготвува Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција

Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата

Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата

Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение

Во Собранието започна постапката за донесување нов Закон за спречување на корупција и судир на интереси

Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура

Антикорупциската комисија да биде формирана според меѓународните стандарди за независност и неселективност

ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата

Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста

Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата

Министерката за правда ги образложи измените на Законот за спречување на корупцијата за кои ќе има јавна дебата

Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти

Во подготовка измени на законска регулатива за спречување на корупција и на повеќе прописи од правосудството

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара професионализам, департизација и интегритет од членовите на ДКСК

М.В