/ Прочитано:

985

Соопштение на Судскиот совет во врска со изјавите на адвокат во предметот „ТНТ“

„Судскиот совет на РСМ го осудува однесувањето на адвокатот Јовица Страшовски бранител на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, во случајот ‘ТНТ’, кој јавно им се заканува на судијата поротник, на претседателот на Основниот кривичен суд Скопје и на претседателот и членовите на Судскиот совет.

На овој начин адвокатот Страшовски, покрај улогата на бранител, настојува да ја менаџира постапката во случајот ‘ТНТ’, да ја преземе и улогата на судија спротивно на принципот на владеење на правото, чиј сегмент е и принципот на судење во разумен рок.

Судскиот совет не може да се меша во менаџирањето со предметите, но е заинтересиран постапките да се завршат без одолговлекување, во разумен рок.

Судскиот совет известува дека барањето на претседателот на Основниот кривичен суд Скопје за продолжување на мандатот на судија поротник беше ставено на дневен ред на 328-та седница на Судскиот совет од 25.12.2019 година. Дел од точките од дневниот ред беа одложени за 30.12.2019 година. Поради немање кворум за одлучување и потребата материјалите да бидат доставени на увид и проучување на новоизбраниот член на Советот, седницата се одложи за 27.1.2020 година.

Впрочем, Судскиот совет за погоренаведеното ја информираше јавноста со претходни соопштенија објавени на својата веб-страница“, се вели во соопштението на Судскиот совет.

Соопштение на Кривичниот суд во врска изјавите на адвокатите во предметот „ТНТ“

Отворено писмо на адвокатот Мерџан Даути во врска со предметот „ТНТ“

 Адвокатот Мерџан Даути со соопштение до јавноста за повредите на принципот на владеење на правото

Довербата меѓу адвокатот и странката – клучна максима во остварувањето на правата

АДВОКАТИТЕ И НОТАРИТЕ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ: Јавна расправа за Законот за нотаријатот

М.В