/ Прочитано:

4.216

Стапува во примена Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги

Од денеска стапува во примена новиот Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.  Со овој закон се уредуваат создавањето, складирањето и обработката на електронските документи, електронската идентификација и доверливите услуги.

Исто така, со овој закон се уредува и употребата на електронските документи, електронскиот потпис и електронскиот печат и електронските доверливи услуги во управни и судски постапки.

Предмет на уредување на овој закон се условите под кои се признаваат средствата за електронска идентификација издадени на физички и правни лица кои спаѓаат во рамки на регистрирана или признаена шема за електронска идентификација.

Целта на овој закон е обезбедување на безбедност на средствата за електронска идентификација и безбедност при обезбедување доверливи услуги.

Цел на овој закон е уредување на електронските потписи, електронските печати, електронските временски жигови, електронските документи, услугите за електронска препорачана достава, услугите за проверка на автентичност на веб-страници, како и зачувувањето на електронскиот потпис или печат и нивна валидација.

„Одредбите од овој закон се применуваат и за спречување на перење на пари, преку идентификување на корисникот на доверливите услуги, потврдување на неговиот идентитет врз основа на обработка на документи, податоци или информации добиени од сигурен и независен извор, вклучувајќи и средства за електронска идентификација, соодветни доверливи услуги.

Одредбите од овој закон кои се однесуваат на доверливи услуги не се применуваат во рамки на затворен систем или систем наменет за ограничена група на учесници, чијашто употреба може да се утврди со договор или со внатрешен акт, а кој систем нема влијание врз трети лица или не предизвикува обврски за трети страни надвор од тој систем“, се пропишува во Законот, кој е објавен на Академика.

Правно дејство на електронскиот документ

Електронскиот документ, се пропишува во Законот, има иста правна и доказна сила како и писмената форма на документот, согласно со закон.

Електронскиот документ не може да се оспори како доказ во управна или судска постапка, само затоа што е создаден во електронски облик.

Кога со закон е утврдена писмена форма на документите или актите, електронскиот документ се смета за документ или акт во писмена форма.

Услови кои треба да ги исполнуваат шемите за електронска идентификација

Шемите за електронска идентификација ги исполнуваат следните услови: да вклучат потврда за податоците за идентификација на лицата на кои им се издадени средства за електронска идентификација, кои на единствен начин го определуваат правното или физичкото лице; да обезбедат сигурност дека издавачот на средството за електронската идентификација обезбедува идентификациски податоци во рамките на средствата за електронска идентификација што соодветствуваат на лицето на кое му е издадено средството за електронска идентификација; и да ги исполнуваат условите за нивото на сигурност во кој е класифицирана шемата за електронска идентификација.

Вид на доверливи услуги

Доверлива услуга е електронска услуга при електронски трансакции. Доверливи услуги, се пропишува во Законот,  се услугите кои се определени како доверливи согласно со одредбите од овој закон.

Квалификувани доверливи услуги се:
1) издавање на квалификувани сертификати за електронски потписи;
2) издавање на квалификувани сертификати за електронски печати;
3) издавање на квалификувани сертификати за автентичност на веб страници;
4) квалификувана доверлива услуга на зачувување на квалификувани електронски потписи;
5) квалификувана доверлива услуга на зачувување на квалификувани електронски печати;
6) квалификувана валидација на квалификуван електронски потпис;
7) квалификувана валидација на квалификуван електронски печат;
8) квалификувана доверлива услуга на издавање квалификувани електронски временски печати;
9) квалификувана доверлива услуга на електронска препорачана достава и
10) квалификувана доверлива услуга за електронско складирање на документи.

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец септември 2020 година

Законите за електронски услуги, за електронски документи и за регистар на население влегуваат во собраниска процедура

Јавна трибина за Законот за централен регистар на население и за Законот за електронско управување и електронски услуги

МИОА ги објави законите за централниот регистар на население, за електронското управување и за електронските документи

Кои лични податоци на граѓаните ќе ги содржи базата на податоци за воспоставување електронски регистар на население

Законот за централен регистар на население во фаза на подготовка

Владата најавува Регистар на население кој би можел да го замени пописот

Објавени Предлог-законот за централен регистар на население и Предлог-законот за електронско управување и електронски услуги

Се подготвува и Законот за електронско управување и електронски услуги

Предлог-законот за бесплатна правна помош и Предлог-законот за електронско управување влегуваат во собраниска процедура

Законски ќе се утврдува содржината на барањата за административните услуги по електронски пат

М.В