/ Прочитано:

1.480

Усвоена информацијата за пристапување кон Конвенцијата за намалување на бездржавјанството

Владата ја разгледа и ја усвои информацијата во врска со потребата од пристапување на Република Северна Македонија кон Конвенцијата за намалување на бездржавјанството на Обединетите нации од 1961 година.

Конвенцијата на Обединетите нации за намалување на бездржавјанството од 1961 година е примарен меѓународен инструмент кој го третира проблемот на бездржавјанството. Суштинската цел на Конвенцијата е да го пропише стекнувањето на државјанство за оние лица кои инаку би биле без државјанство и кои имаат соодветна врска со државата преку раѓање на нејзина територија или потекло од нејзини државјани, како и задржување на државјанството од страна на оние лица кои би станале лица без државјанство, доколку небрежно го загубат државјанството.

„Пристапувањето кон оваа конвенција ги олицетворува начелата кои се општо прифатени во меѓународното право, а кои се содржани во други значајни конвенции, како и во Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации, во која е предвидено дека секој има право на државјанство, односно на ниту едно лице нема произволно да му се одземе државјанството, ниту пак правото да го смени своето државјанство, со што се повикуваат државите да усвојат правна регулатива за државјанството за целите на намалување на бездржавјанството, доследно на основните начела на меѓународното право“, велат од Владата.

МЗМП: Ажуриран Индексот за бездржавјанство, со краток приказ на македонски јазик

Системски решенија за регистрација на лицата без документи

Европската мрежа против бездржавјанство ги повикува европските земји да го запрат бездржавјанството кај децата

Промовиран извештајот „Ромите припаѓаат – Бездржавјанство, дискриминација и маргинализација на Ромите во Западниот Балкан и Украина“

М.В