/ Прочитано:

1.210

Во подготовка Закон за техничките барања и оцена на сообразноста на производите

Министерството за економија подготвува Закон за техничките барања и оцена на сообразноста на производите. Целта на Предлог-законот е да се уредат техничките прописи, односно барањата пропишани со нив, а се донесуваат со цел да се осигури дека производите се безбедни кога се пуштаат на пазар и да се обезбеди заштита на животот и здравјето на луѓето, животните и растенијата, заштита на животната средина и природата, заштита на потрошувачите и другите корисници на производите и заштита на имотот.

„Со овој закон ќе се уредат начинот на пропишување на технички прописи за техничките барања што мора одредени производи или група на производи да ги исполнуваат при нивно пласирање на пазарот, обврските на економските оператори вклучени во ланецот на пласирање на производите на пазарот, постапките за оцена на сообразност на производите со пропишаните технички барања, условите што треба да ги исполнуваат телата за оцена на сообразност, документите и знаците за сообразност на производите, принципите и постапките за признавање на странските документи и знаци за сообразност, постапките за овластување и нотифицирање на телата за оцена на сообразност, следење на работата на телата за оцена на сообразност, водење на евиденција и известување за техничките прописи и телата за оцена на сообразност, како и вршењето на инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон“, образложуваат од Министерството за економија.

Во подготовка Закон за општа безбедност на производите

Презентиран новиот Предлог-закон за заштита на потрошувачите

Објавен Предлог-законот за заштита на потрошувачите

Во подготовка нов Закон за заштита на потрошувачите

Поплаки од граѓаните поради нарушување на нивните потрошувачки права

Потребни се законски измени за колективната заштита на правата на потрошувачите

Организацијата на потрошувачи бара колективна заштита на правата на потрошувачите

М.В