/ Прочитано:

8.234

Новите законски измени за стечајците ќе влезат во собраниска процедура

„Владата на Република Северна Македонија го разгледа и го усвои Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост, со кој се проширува опфатот со нови 1.000 стечајни работници на кои им се решава статусот со месечен паричен надоместок до моментот на нивно пензионирање. Со претходните законски решенија и со овој Предлог-закон околу 12.000 стечајни работници добиваат финансиска поддршка и материјално обезбедување до моментот на нивно пензионирање“, соопштуваат од Владата.

Министерството за труд и социјална политика во месец јули годинава најави дека подготвува Предлог-закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

„Со новиот закон се овозможува материјално обезбедување на лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок во периодот од 1 јануари 1993 до 30 јуни 2019 година, во претпријатија со доминантна сопственост на државата или по нивна приватизација, доколку не го промениле единствениот матичен број на субјектот, а во случај на промена истите да произлегуваат од претпријатието со доминантна сопственост на државата“, образложија од МТСП.

Новите законски измени за стечајците на владина седница

Во подготовка Закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација

До Собранието доставен Предлог-закон за обезбедување надомест за уште 1.600 стечајци

МТСП: Усвоени измените на Законот за стечајци за да се опфатат  дополнителни 1.900 лица

МТСП: Усвоен е предлог-законот за стечајци со кој 3.000 лица ќе бидат материјално обезбедени

М.В