Објавен Предлог-законот за управување со движењето на предметите во судовите
Министерството за правда го објави Предлог-законот за управување со движењето на предметите во судовите.
Целите на законот се: обезбедување на правото на природен судија при распределба на предметите во судовите, управување со движењето на предметите во судовите во Република Северна Македонија преку користење на автоматизиран компјутерски систем за управување со судски предмети, спречување на застој во движењето на судските предмети, спречување на создавање на заостаток на нерешени судски предмети, и почитување на законските рокови за преземање на процесните дејствија, законските рокови за донесување, изготвување и објавување на судските одлуки и роковите определени со овој закон.
Автоматизирано управување со судските предмети
АКМИС задолжително се користи при управувањето со движењето на предметите во судовите и претставува преземање на дејствија од страна на претседателот на судот, судскиот администратор, судиите и судските службеници, од денот на приемот на писмената во судот до денот на правосилно завршување и архивирање на предметите.
АКМИС не дозволува натамошно придвижување на предметот без целосно внесени податоци во согласност со упатствата и заклучоците на Работното тело за стандардизација на постапките при користење на АКМИС во судовите.
Работното тело за стандардизација на постапките при користење на АКМИС во судовите со акт ги унифицира:
– терминологијата употребена во АКМИС,
– поставените шифрарници на централно ниво,
– електронските обрасци, потврди, дописи, одлуки и други документи,
– методологијата на внесување на податоците,
– типовите податоци,
– извештаите за различни корисници, и
– други работи потребни за унифицирање на постапките при користење на АКМИС.
Предлог-законот може да се коментира на следниот линк.
Донесени се заклучоци во врска со состанокот на Поткомитетот за правда и внатрешни работи
Во подготовка Закон за управување со движењето на предметите во судовите
М.В