/ Прочитано:

1.437

Усвоени законски измени за признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица

„На предлог на Министерството за правда на денешната седница е утврден Предлог-законот за изменување на Законот за матична евиденција со кој ќе се овозможи признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица согласно позитивното меѓународно законодавство и почитувањето на сите човекови права“, соопштуваат од Владата.

Инаку, измените на Законот за матичната евиденција беа најавени уште во 2019 година, односно, по донесувањето на пресудата на ЕСЧП во корист на трансродовите лица. Со измените на Законот, образложија од Министерството за правда, ќе се уредат постапката и условите за правно признавање на родот.

„Законот за матична евиденција не обезбедува јасна процедура за промена на ознаката за пол. Потребно е уредување на постапката за правно признавање на род со цел спроведување на Пресудата на Европскиот суд за човекови права за случајот на лицето Икс против Република Македонија (Application no. 29683/16) од 17.1.2019 година, како и негово хармонизирање со меѓународните стандарди во оваа област“, образложија од Министерството за правда.

Анонимизираното трансродово лице Икс  ја тужеше Македонија поради повреда на правото на приватност и неефикасен правен лек во земјата.

Тужителот „Икс“ го променил полот од женски во машки, но не можел административно да ја впише промената поради непостоење на соодветна законска рамка.  Во таа насока, Судот посочува на отсуство на регулативна рамка во домашното законодавство.

„Судот утврди дека постоечката законска рамка има јазови и сериозни недостатоци кои го довеле транслицето во ситуација на стрес и несигурност во признавањето на неговиот родов идентитет. По оваа одлука, Македонија има обврска да донесе закон кој ќе им овозможи на трансродовите луѓе брза, транспарентна и пристапна постапка за правно признавање на родот. Судот на тужителот му додели 9.000 евра нематеријална штета за претрпен стрес во изминатиот период“, посочија од Коалицијата „Маргини“.

УШТЕ ЕДНА СУДСКА ОДЛУКА ВО КОРИСТ НА ТРАНСРОДОВО ЛИЦЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Трансродова жена доби случај пред Управниот суд

По пресудата на ЕСЧП во корист на трансродовите лица, се подготвуваат измени на Законот за матичната евиденција за промена на ознаката за пол

Пресуда на Судот во Стразбур во корист на правата на трансродовите лица во Македонија

Донесено решение за утврдување на промена на пол во матичната евиденција: Ова е голем пресврт за правата на трансполовите лица, вели адвокатот Жарко Хаџи Зафиров

Пресуда во корист на тужител за исправка на податоците во матичната книга на родените за промена на податокот за пол

М.В