/ Прочитано:

2.401

Законот за лична карта се усогласува со Законот за употреба на јазиците

„Со оглед на фактот што Република Северна Македонија е мултиетничка држава, во која живеат припадници на повеќе етнички заедници, а во релација со донесувањето на  Законот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 7/19), истите правото на издавање на личната карта (во поглед на јазикот на кој ќе се издава образецот на личната карта, како и јазикот на кој ќе се испишуваат податоците во неа), можат да го остварат и на јазикот и писмото кои тие ги употребуваат.

Со донесувањето на Законот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 7/19) генерално се наметнува потребата од ревидирање на конкретни одредби од Законот за личната карта, во насока на нивно усогласување со одредбите од Законот за употреба на јазиците.

Во овој контекст, укажуваме дека со предлагањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта се цели кон проширување на можностите кои би ги имале припадниците на заедниците во процесот на издавање на личната карта, а во насока на јазикот на кој ќе им се печати образецот на личната карта, како и на јазикот на податоците кои ќе се впишуваат во неа.

За таа цел, се предлага донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта“, се вели во законските измени, кои се на дневен ред на Законодавно-правната комисија.

Комисијата за заштита од дискриминација со стручно мислење за предложените измени на Законот за лични карти

Правно мислење за предлогот за додавање графа за етничка припадност во личните карти

Предлог-законот за личната карта за усогласување со Законот за употреба на јазиците

М.В