/ Прочитано:

1.419

Даути до Џолев: Имате сила и нè казнувате, но стапот има два краја

Претседателот на Кривичниот суд со обраќањето до Адвокатската комора врши притисок врз нас, вели адвокатот Мерџан Даути во отвореното писмо до претседателот на Кривичниот суд и до  јавноста.

„Начинот на комуникација и однесување кој го практикувате како Основен кривичен суд со тоа што при барањата на адвокатите, кои се согласно позитивните законски прописи, Вие експресно се обраќате до Адвокатската комора на РМ да ни ги одземате лиценците е обид за наше замолчување, што претставува притисок да престанеме со сите сили согласно закон, што ни е неопходно да ги браниме нашите клиенти. Вие имате сила и затоа нѐ казнувате, иницирате дисциплински постапки, но со оваа прилика сакам да ве потсетам дека стапот има два краја.

Апелирам до Вас и до сите меѓународни институции, за Ваше добро и за доброто на државата, дека владеењето на правото и почитувањето на законите е услов нашата земја побрзо да влезе во НАТО и ЕУ, затоа прифаќате оставка на судија поротник Лилјана Ивановска-Кочовска, па и кривичниот предмет нека продолжи без влијание на претседателот на судот, и судењето нека го води судечкиот совет.

Не плашете се, претседателе, овој предмет застарува во 2031 година, и не разбирам на Вашето инсистирање, спротивно на сите позитивни закони, предметот познат за јавноста ‘ТНТ’ да заврши пред изборите или во најкус можен рок, т.е. во текот на овој месец. Со непочитување на законските одредби и недозволување на употреба на албанскиот јазик се прават суштествени повреди на ЗКП, што значи повисоките судови, т.е. Апелациониот или Врховниот суд овие факти немаат да ги премолчат и предметот наместо да започне да се суди одново во јануари, ќе почне да се суди јуни или јули 2020 година, кога ќе биде вратен од повисоките судови.

Затоа, Ве повикувам на јавноста, на колегите адвокати и на локална и меѓународната заедница да ги одговорите прашањата:

  • Дали на 28.1.2020 година, доколку согласно подготвениот план Судскиот совет констатира оставки, одново ќе почне судењето ТАЛИР 1, МОНСТРУМ, ТЕНДЕРИ, ТОПЛИК и сите други предмети каде што оваа поротничка е член на судечкиот совет?
  • Дали на последното рочиште, кое се одржа во јануари 2020 година, во случајот за сообраќајната несреќа, една од судиите поротници поради истек на мандатот повеќе не е член на судечкиот совет и зошто и за неа не инсистирате да продолжи да работи сè до одлука на Судски совет, нешто се прави со Лилјана Ивановска-Кочовска?
  • Вистина ли е дека Основниот кривичен суд нема друг судија поротник?

Дозволете како претседател на Судот да завладее правото, а ако сметате дека ‘ТНТ’ е национален интерес, т.е. мора Фиат Цановски да се обесштетува до парламентарните избори, започнете го рочиштето одново согласно закон, закажувајте рочиште секој ден до 12.4.2020 година, и така ќе ја постигнете целта, но притоа ќе имаме судска постапка согласно закон“, стои во писмото на адвокатот Мерџан Даути.

Страшевски со ново соопштение: Нема да отстапам од правото и законите, сценаријата на судот се јасни

Адвокатската комора за известувањето на Кривичниот суд за годишниот одмор на адвокатот Страшевски

Соопштенија на адвокатот Страшевски и на Кривичниот суд во врска со судијата поротник

Здружението на судии: Ги осудуваме сите видови на напади врз независноста на судството

Соопштение на Судскиот совет во врска со изјавите на адвокат во предметот „ТНТ“

Соопштение на Кривичниот суд во врска изјавите на адвокатите во предметот „ТНТ“

Отворено писмо на адвокатот Мерџан Даути во врска со предметот „ТНТ“

 Адвокатот Мерџан Даути со соопштение до јавноста за повредите на принципот на владеење на правото

Довербата меѓу адвокатот и странката – клучна максима во остварувањето на правата

АДВОКАТИТЕ И НОТАРИТЕ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ: Јавна расправа за Законот за нотаријатот

М.В