/ Прочитано:

1.011

Соопштенија на адвокатот Страшевски и на Кривичниот суд во врска со судијата поротник

Адвокатот Јовица Страшевски преку писмено соопштение информира дека поротничката чиј мандат е завршен вчера поднела оставка во Кривичниот суд, но претседателот Иван Џолев ѝ наложил дека мора да присуствува на рочиштата за уривањето на „Космос“.

„И покрај тоа што поранешната судијка поротник Лидија Ивановска-Кочовска оставката и официјално ја доставила до архивата на Основниот кривичен суд по налог на претседателот на судот, оставката не била прифатена и таа била итно повикана кај него со цел да се изврши притисок да мора да присуствува на рочиштата кои се закажани особено за предметот ‘ТНТ’“, соопштува адвокатот Страшевски.

„Новиот допис на адвокатот Јовица Страшевски, кој денска беше доставен до медиумите, само ги потврдува заканите и притисоците кои адвокатот – странка во постапката, се обидува да ги направи врз Судот и судијата поротник, кој одлучува во конкретната постапка, а за кои Судот подолго време апелира и вчера побара соодветна реакција од надлежните органи.

Неспорен е фактот дека судијата поротник вчера побара прием кај претседателот на Судот, на кој му се пожали дека прима закани да се откаже од постапување во конкретниот предмет, за што е доставена и изјава. Откако е посочено дека Судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија поротник и доколку е неопходно, институциите може на секој судија и судија поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се согласи да продолжи да постапува сè до евентуално разрешување од Судскиот совет.

Но, зачудува фактот како адвокатот, кој официјално е на одмор и не може да се појавува на закажани судења, денеска повторно продолжува со прозивки и притисоци? Како и од каде адвокатот би знаел какви дописи се доставуваат до Судот од други лица, кога истите се доставуваат само до приемното одделение? Како се дозволува некој и понатаму да влијае на судиите и судиите поротници  надвор од судница.

Заради сите овие прашања, Судот повторно апелира до Министерството за правда, Адвокатската комора, Судскиот совет на РСМ и Јавниот обвинител да преземат соодветни мерки и да го заштитат Судот бидејќи доколку овие ‘методи’ вродат со плод, истите може да бидат применети и во сите други судски постапки“, соопштуваат од Судот.

Здружението на судии: Ги осудуваме сите видови на напади врз независноста на судството

Соопштение на Судскиот совет во врска со изјавите на адвокат во предметот „ТНТ“

Соопштение на Кривичниот суд во врска изјавите на адвокатите во предметот „ТНТ“

Отворено писмо на адвокатот Мерџан Даути во врска со предметот „ТНТ“

 Адвокатот Мерџан Даути со соопштение до јавноста за повредите на принципот на владеење на правото

Довербата меѓу адвокатот и странката – клучна максима во остварувањето на правата

АДВОКАТИТЕ И НОТАРИТЕ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ: Јавна расправа за Законот за нотаријатот

М.В