/ Прочитано:

1.429

Катастарот го промовираше Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба

Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба, односно имоти што се одземени поради долг,  беше промовиран денеска во Агенцијата за катастар на недвижности.

Законски услови за воспоставување и водење на овој регистар се создадени со последните измени и дополнувања на Законот за катастар на недвижности.

Новината за граѓаните и инвеститорите што се воведува во државава ја претстави на прес-конференција директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев.

Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба содржи просторни и описни податоци за недвижности преземени во постапка при наплата на побарувања или по други основи, наменети за продажба, како и податоци за субјектот кој ги презел недвижностите.

Сите субјекти кои презеле недвижности во постапка при наплата на побарувања или по други основи се должни податоците за преземените недвижности наменети за продажба да ги достават до Агенцијата во рок од 30 дена од преземањето на недвижностите заради водење на Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба.

Со Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба се овозможува да се добијат информации за преземените недвижности од едно место.

Во Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба, посочи Тунџев,  заклучно со денеска деловните банки доставиле податоци за 1.207 станови и деловни простории, како и за 278 парцели со градежно и земјоделско земјиште. Во реализацијата на проектот досега учествувале 11 банки. Во втората фаза е предвидено вклучување на стечајните управници и извршителите затоа што и тие се дел од постапките за располагање со имот.

Тунџев појасни дека Катастарот нема увид во цената по која банката ќе ја врши продажбата бидејќи тоа е во надлежност на банките. Во регистарот ќе биде евидентирана продажбата кога ќе биде реализирана.

Инаку, начинот на водење, формата и содржината на Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба и формата и содржината на податоците за преземените недвижности наменети за продажба ги пропишува Управниот одбор на Агенцијата. За таа цел, беше посочено на денешниот настан, беше донесен Правилник за начинот на водење, формата и содржината на Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба и формата и содржината на податоците за преземените недвижности.

Според Правилникот, Регистарот се води во електронска форма како дел од Геодетско-катастарскиот информационен систем. Регистарот содржи просторни и описни податоци за недвижности преземени во постапка при наплата на побарувања или по други основи, наменети за продажба, како и податоци за субјектот кој ги презел недвижностите.

Утврден Предлог-законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти

Новите измени на Законот за катастар на недвижности наскоро во владина процедура

Законски новини за легализацијата на бесправните објекти и за данокот на додадена вредност

Измени на Законот за катастар на недвижности за подобрување на квалитетот на запишаните податоци

Измените на Законот за катастарот и новиот Закон за урбанистичко планирање влегуваат во собраниска процедура 

Законите за урбанистичко планирање, за финансиска дисциплина и за бесплатна правна помош на владина седница

Стратешкиот план на Катастарот за 2019 година ќе се реализира со годишна програма

Министерството за правда го објави текстот на измените на Законот за катастар на недвижности, во кои има повеќе значајни новини

Министерството за правда подготвува измени на Законот за катастар на недвижности за подобрување на квалитетот на запишаните права

Градежните компании со конкретни предлози за измените на законите од областа на градењето и урбанизмот

Компаниите укажуваат на недоречености во градежната регулатива

Измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за градење во собраниска процедура

Градежниците предлагаат промени на повеќе прописи од областа на градежништвото и безбедноста при работа

Потребна е реформа на законодавството од областа на градењето која ќе го заштити јавниот интерес

М.В