Маричиќ: Во подготовка е нов Кривичен законик и нов Закон за потекло на имот
Министерот за правда Бојан Маричиќ преку видео-врска се обрати на 30. сесија на Комисијата за спречување на криминал и кривична правда на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) и ги претстави реформите кои Министерството за правда ги презема во областа на кривичната правда, информираат од Министерството за правда.
„Северна Македонија вложува напори да ја зголеми ефикасноста во борбата против нелегалните финансиски текови и да ги зајакне можностите за конфискација на нелегално стекнатиот имот. Во претстојниот период, нашиот фокус е на подготовка на нов Закон за потекло на имот, како и подготовка на нов Кривичен законик. Најзначајно, Северна Македонија работи на воведување на концептот на дигитална судница, а во наредниот период ќе дигитализираме околу 200 судници во државата“, истакна Маричиќ.
Министерот ја потенцираше значајноста за отпочнување на преговорите со ЕУ, затоа што овој процес може само позитивно да влијае и значително да ги забрза реформите во Северна Македонија.
Неопходно е инкриминирање на фемицидот во Кривичниот законик
Адвокатите да достават предлози и забелешки за измените на Кривичниот законик
Казна затвор до три години за кривичното дело „Демнење“ како нова законска измена
Адвокатите да достават предлози и забелешки на Кривичниот законик
Измени на Кривичниот законик за заштита на новинари од напади при вршење на службата
M.В