/ Прочитано:

1.734

Одбиено барањето за екстрадиција на Груевски

Судот во Будимпешта го одби барањето за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, објавија унгарските медиуми, кои претходно пренесоа видео и фотографии од него во судот. Рочиштето беше затворено за јавноста. Според судот, условите за екстрадицијата на Груевски не се исполнети бидејќи поранешниот македонски премиер има статус на бегалец во Унгарија.

Минатата година Груевски доби азил во Република Унгарија. Македонија бараше негова екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот во случајот „Тенк“ на СЈО, и за настаните во Собранието од 27 април 2017 година. За овие настани поранешниот премиер е осомничен дека бил организатор.

Груевски во судот во Будимпешта поради барањето за екстрадиција

Констатирани оставките на Груевски и Богоевски

Рускоска во врска со потерницата за Груевски и предистражните постапки за актуелни функционери

Конференција за напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата

Обвинителката Рускоска во врска со поведувањето обвинение за  „27 април“

ОБВИНИТЕЛСТВОТО: Банките пријавиле до СЈО дека Груевски подигнува пари од своите сметки

Соопштение на Јавното обвинителство во врска со предметот за бегството на Груевски

Граѓанските организации бараат истрагите за бегството на Груевски да завршат за 10 дена, во спротивно ќе бараат политичка одговорност

Груевски со критики за македонските судови кои работеле спротивно на праксата во Стразбур

Граѓанските организации бараат темелна истрага за бегството на Никола Груевски

Кривичниот суд: Судот не е виновен за бегството на Груевски

МВР: Унгарското министерство потврди дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил M.В