/ Прочитано:

1.268

Регистар на нелегални градби во Охрид: Над илјада предмети со констатирани законски прекршувања

Во согласност со препораките кои беа нотирани од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО (Сесија  41 COM 7B. 34 ), охридската  локалната самоуправа изработи посебен регистар на нелегални градби за подрачјето на Општина Охрид.

Во оваа електронска база на податоци внесени се вкупно 1.076 предмети, за кои во периодот од 2006 година до мај 2019 година инспекциските служби имаат констатирано прекршувања на Законот за градење и имаат донесено некаков акт со кој се утврдува нелегална градба. Од нив, вкупно 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во стариот дел на градот. Во рамките на оваа вкупна бројка, 82 предмети се однесуваат на урбана опрема, 16 се за времени објекти, 8 за плажи, 80 за куќи, апартмани и сместувачки капацитети, а останатите предмети се за помали интервенции и градежни зафати на објекти.

„Во текот на наредниот период општинските надлежни служби ќе извршат проверка и финално уредување на целокупниот регистар, по што ќе се пристапи кон поединечна ревизија за секој посебен предмет и ќе се носат одлуки за понатамошно постапување“, соопштуваат од Општина Охрид.

„Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, е дел од официјалната владина делегација која ќе присуствува на 43. сесија на Комитетот за културно наследство, што ќе се одржи наредната седмица во Баку, Азербејџан. На овој состанок се очекува да биде донесена одлука и да биде дадена препорака за идниот статус на светското природно и културно наследство на Охрид, врз основа на забелешките од мониторинг-мисијата на УНЕСКО, која беше направена во април 2017 година. Без оглед на конечната одлука, која ќе биде донесена на сесијата во Баку, Општина Охрид ќе продолжи да постапува  во согласност со сите препораки на УНЕСКО и сите законски процедури за третирање на бесправно изградени објекти“, додаваат од Општина Охрид.

Усвоена информацијата за постапување по препораките на УНЕСКО

Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион во собраниска процедура

Новиот Закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион ќе влезе во собраниска процедура

Времено се прекинуваат постапките за издавање одобренија за градење во Охрид

УНЕСКО препорачува Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство и бара мораториум на градбите

Потребна е ревизија на регулативата за управувањето со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион

Се подготвува нов Закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион

Екологистите со писмо до пратениците бараат мораториум на  инфраструктурните проекти  на охридското крајбрежје

М.В