/ Прочитано:

33.433

УЈП: Веб-апликацијата „МојДДВ“ за увид во износот на поврат и бришење на фискални сметки достапна за граѓаните

Управата за јавни приходи ги известува граѓаните дека веб-апликацијата „МојДДВ“ е достапна и може да се преземе на следниот линк https://mojddv.ujp.gov.mk. Веб-апликацијата „МојДДВ“ на граѓаните ќе им овозможи целосен увид во сметките што ги скенирале, односно во прометот остварен преку скенираните фискални сметки, како и увид во износот на поврат од 15% од пресметаниот ДДВ .

Преку веб-апликацијата „МојДДВ“ граѓаните ќе можат да ги повлечат/поништат фискалните сметки што ги скенирале по грешка.

Ги повикуваме граѓаните кои досега на своите паметни телефони не ја презеле апликацијата „МојДДВ“ преку Гугл плеј и Епл стор да го направат тоа и да ги скенираат фискалните сметки со цел да остварат право на поврат од 15 % од ДДВ, како и да ги користат услугите коишто ги нуди веб апликацијата „МојДДВ“.

Веб-апликацијата е достапна за граѓаните на македонски, албански и англиски јазик.

Кратко упатство за користење на веб-апликацијата:

Најавете се на https://mojddv.ujp.gov.mk.

За да се најавите, потребно е претходно да сте регистрирани корисници на системот за електронска пресметка за приход и данок (е-Персонален данок) и да го внесете валидното корисничко име (е-пошта) и лозинката од е-ПДД.

На почетната страница на веб-апликацијата со извештаи за граѓани се прикажани информации за: вкупниот промет, вкупниот ДДВ, повратот на ДДВ и бројот на скенирани сметки за најавениот граѓанин. Стандардно, прикажаните информации се однесуваат за месецот во којшто граѓанинот последен пат има скенирано фискална сметка. Доколку во одреден месец граѓанинот воопшто нема скенирано фискални сметки, тогаш тој месец за таа година нема да постои во оваа опаѓачка листа. На почетната страница исто така е прикажан и графикон со информации за остварениот поврат на ДДВ и преостанат поврат на ДДВ за тековното тромесечје. Притоа, сумите се прикажани процентуално и во денари. Максимално може да се оствари поврат од 1.800 денари во текот на едно тромесечје. Доколку граѓанинот ја надминал оваа сума, тогаш на екранот е испишана и надминатата сума на поврат на ДДВ.

Кај месечниот извештај е прикажана табела со информации групирани по месец и година. За секој месец од секоја година во којшто граѓанинот има скенирано фискални сметки се прикажани следните информации: година, месец, број на скенирани сметки, ДДВ А, ДДВ Б, вкупно ДДВ, вкупен промет и поврат на ДДВ (15%).

Кај тримесечниот извештај е прикажана табела со информации групирани по тримесечје и година.

Повлекување сметки – Доколку граѓанинот по грешка скенирал фискална сметка или поради некоја друга причина сака да повлече скенирана фискална за поврат на ДДВ, тоа може да го направи овде. Дозволено е повлекување на фискални сметки од претходно тримесечје до 25 од првиот месец од наредното тромесечје.

Граѓаните скениралe речиси 7 милиони фискални сметки

Сторнираните фискални сметки компаниите сами ќе ги пријавуваат во УЈП

УЈП: Симнете ја апликацијата ,,Мој ДДВ” и скенирајте ги фискалните сметки

Донесен Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица

Законот за враќање на ДДВ на собраниска седница и пред Законодавно-правната комисија по скратена постапка

Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица во собраниска процедура

Презентиран Законот за враќање на 15% од ДДВ на граѓаните

Поврат на ДДВ: Само најбогатите домаќинства ќе можат да вратат една просечна плата

М.В