/ Прочитано:

911

Вршење видеонадзор во едностанбени и повеќестанбени објекти

За вршење видеонадзор во едностанбени и повеќестанбени објекти задолжително е потребна писмена изјава за согласност од најмалку 70% од вкупниот број на сопственици, станари, односно закупци на становите, се пропишува во Законот за заштита на личните податоци.

По обезбедување на согласноста, потребно е сопствениците, станарите, односно закупците на становите задолжително да се информираат за отпочнување на функционирањето на системот за вршење видеонадзор.

Забрането е пренесување на снимките од видеонадзорот во едностанбените и повеќестанбените објекти преку кабелска телевизија (јавна или интерна мрежа), преку интернет или други електронски средства за пренос на податоци.

Забрането е снимање на влезови на индивидуални станови на други сопственици, станари, односно закупци.

Годишен извештај на Агенцијата за лични податоци

Министерството за правда подготвува измени на Законот за заштита на личните податоци

Новиот Закон за заштита на личните податоци во собраниска процедура со европско знаменце

Утврден текстот на Предлог-законот за заштита на личните податоци

Министерство за правда го подготвува новиот Закон за заштита на личните податоци

M.В