/ Прочитано:

1.101

Законски измени за дигитализација на судството, најави министерот за правда на јавната расправа за ЗПП

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во воведното обраќање на јавната расправа за предлог-измените на Законот за парнична постапка истакна дека покрај намалувањето на висината на паричната казна за учесниците во постапките, со измените се отвора и законска можност за дигитализација на работењето на судовите.

„Судот може да одлучи рочиштето да се одржи на далечина, односно онлајн, или пак на тој начин да се изведат одделни докази. Огромна новина е можноста која се отвора да се одржуваат јавни расправи по електронски пат, по оцена на судот, а во случај на постоење опасност од одлагање или кога постојат правни или стварни пречки. Снимката од рочиштето или изведениот доказ претставува записник во електронска форма. Воедно, електронската достава на документи е поедноставена. Законот го усогласува поднесокот во електронска форма и податоците и доказната сила на документите во електронска форма, со што се поедноставува електронската достава“, кажа Маричиќ.

Министерот за правда го најави процесот на дигитализација на судовите веднаш по стапувањето на функцијата. Поддршка на воведувањето на дигитална технологија во работата на судовите веќе најавија од Европската Унија и други пријателски земји. Овој предлог-закон е резултат на опсежна јавна расправа, а бројните коментари и забелешки беа прифатени и вградени во текстот на законот.

Објавени коментарите и предлозите за Законот за парничната постапка со осврт на работната група за секој од нив

Адвокатската комора достави предлози и забелешки на Предлог-законот за парнична постапка

Адвокатите да достават коментари на Предлог-законот за парничната постапка

Во подготовка нов Закон за парничната постапка – објавен текстот на Нацрт-законот

М.В