/ Прочитано:

2.273

8.000 фирми досега побарале субвенции од државата за придонеси за повисоки плати

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денеска информираше дека досега  вкупно 8.000 фирми побарале субвенции од државата за да може да исплаќаат поголеми плати на 45.000 вработени. Таа додаде дека 1.300 работодавачи за 47.000 вработени сè уште не го оствариле ова право од технички причини.

Со новиот Закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата се уредуваат висината и условите за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата.

Целта на овој закон е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата во повисок износ заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој. АКАДЕМИК ОБУКА: Практична примена на Законот за субвенционирање на социјалните придонеси поради зголемување на плата

Начин на поднесување на барање за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата

Целосен текст на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата

Законот за субвенционирање придонеси за зголемени плати во собраниска процедура по скратена постапка

Утврден текстот на Предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување

Предлог-закон: Работодавците што ќе ги зголемат платите ќе добијат субвенции за придонесите од социјално осигурување

М.В