/ Прочитано:

1.953

Адвокатските предмети се неприкосновени

Државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа, како и правните и физичките лица кои имаат јавни овластувања, должни се на адвокатот во рок од осум дена од денот на доставеното барање да му ги дадат податоците и документите потребни во вршењето на адвокатската дејност во конкретен предмет, се пропишува во Предлог-законот за адвокатурата.

„Адвокатските книги и предмети, досиеја, податоците во електронска форма и други средства на комуникација се неприкосновени и не подлежат на преглед, копирање, проверка и одземање, освен во случаи предвидени со закон.

Комуникацијата меѓу адвокатите, како и меѓу адвокатот и неговата странка, независно на кој начин се остварува, не подлежи на преглед, копирање, проверка или одземање и не може да биде искористена како доказен материјал во постапките што се водат пред судовите и другите државни органи, согласно со закон“, се пропишува во Предлог-законот.

Адвокатот не може да биде повикан на одговорност за искажано мислење при давањето правна помош

Постојаното стручно усовршување – обврска за адвокатите

„Адвокатот може да врши јавна функција или јавна служба доколку за вршење на истата не заснова работен однос“

Условот за запишување на судии, обвинители, функционери, извршители и нотари во Именикот на адвокати

Објавен текстот на Предлог-законот за адвокатурата

Измени на Законот за адвокатурата за јакнење на адвокатската професија

Законски измени на Законот за адвокатурата за воведување континуирана обука за адвокатите

М.В