/ Прочитано:

655

Регионална работилница за сајбер безбедност

Македонија, со поддршка на Меѓународната унија за телекомуникации – ИТУ, е домаќин на тридневната работилница за сајбер безбедност.

Настанот денеска го отворија Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, Јонут Андреј, државен секретар во Министерство за комуникации и информатичко општество како претставник на романското претседателство во Советот на ЕУ,  Марко Обисо, раководител на Одделот за ИКТ-апликации и Одделот за сајбер безбедност во ИТУ, и Милан Секулоски, виш советник за Европа и Централна Азија, од Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор – ДЦАФ.

„Информациските технологии се развиваат со неверојатно брзо темпо, а трендовите во ова поле се менуваат секој ден. Уредите се сè повеќе меѓусебно поврзани со концептот ‘интернет на нештата’.  Кога зборуваме за овој концепт, всушност, се работи за милијарди физички уреди ширум светот кои сега се поврзани на интернет и кои собираат и разменуваат податоци. Затоа, безбедноста на овие податоци е од суштинско значење за луѓето, за компаниите и за земјите“, беше истакнато на денешниот настан.

„Свесни дека сајбер просторот не познава физички граници, како нации немаме територија која треба да ја штитиме. Сајбер просторот се споделува на глобално ниво, меѓу граѓаните, јавните администрации, бизнисите, граѓанските општества, меѓународните организации, но исто така и меѓу злонамерни корисници и криминални организации. Секој ден се соочуваме со предизвици за безбедноста. Затоа, наша заедничка одговорност е да играме фер и да ги штитиме сите процеси, како и најранливите податоци и пристапот до ресурси. Мора да го спречиме сајбер криминалот. Затоа, регионалната и меѓународната соработка е од суштинско значење. Со сето ова на ум, јас сум силен застапник за споделување добри практики и искуства со нашите регионални и меѓународни партнери“, истакна во своето обраќање министерот Манчевски.

На почетокот од 2018 година, додаде тој,  воспоставивме јасна и стратешка визија за градењето капацитети за сајбер безбедност во Северна Македонија. Искористувајќи ги наодите од прегледот на капацитетите за сајбер-безбедност, во соработка со Светската банка и Универзитетот на Оксфорд, како и од националните анализи се изготвија Националната стратегија и Акциски план за сајбер безбедност за периодот 2018 – 2022 година. Владата ги усвои и двата документа во 2018 година.

„Стратегијата и Акцискиот план беа изготвени не само со поддршка од меѓународните партнери и од Европската комисија туку и во процес на широки консултации со јавноста. Како Влада, се залагаме за транспарентност и за вклучување на сите сектори од општеството. На овој начин, содржината на Стратегијата и на Акцискиот план подлежеше на јавни дебати, на кои претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, меѓу другите, имаа можност да ги дадат своите коментари и предлози. Нашата волја и подготвеност за градење капацитети беше поткрепена со силна соработка со повеќе засегнати страни, при што сите организации кои доаѓаа од различни сектори од општеството беа ангажирани во преглед на содржината, но исто така ги споделуваа своите искуства и експертизата“, рече Манчевски.

Национална стратегија за сајбер безбедност на РМ

Акциски план за сајбер безбедност на РМ

Заклучоци во врска со Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација

МИОА: Зајакнати капацитетите за сајбер безбедност во соработка со Светската банка

Јавни консултации за Акцискиот план за сајбер безбедност 2018 – 2022

МИОА го објави извештајот од процената на зрелоста на капацитетите за сајбер безбедност во Македонија

МИОА: Објавена работната верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност

МИОА подготвува стратегија за сајбер безбедност

Најавена нова регулатива за високо ниво на безбедност на информациските системи

М.В